5 Знаци кои покажуваат дека вашето куче има депресија, причини и што да превземете

Животните можат да бидат тажни, односно депресивни исто како и луѓето.

Дали забележувате промена во навиките на спиење и јадење кај вашето куче? Или можеби пак нивото на енергија опаднало и тоа се забележува, затоа што кучето било енергично, игриво и постојано активно?

Ова се само неколку од клучните знаци кои покажуваат на депресија. Сигурно се прашувате, зошто кучето би било депресивно, кога цел ден може да си игра, не оди на работа или училиште и не мора да се расправа со здодевните комшии, затоа што не умее да зборува?

Сигурно си мислите дека животните немаат чувства, односно дека се задоволуваат со храна и прошетка низ паркот еднаш во неделата, но грешите. Милениците имаат чувства, посебно кучињата. И да, депресија кај животните постои, а може да настане поради следните 7 причини.

1. Преселување во нов дом

Новата непозната средина може да предизвика промени во расположенето кај кучето.

Самото напуштање на еден дом и преселување во нов дом на кој треба да се прилагодува е стресно самото по себе, затоа што кучето не може да разбере зошто вие го напуштате домот и се преселувате на друго место.

Некои кучиња лесно се прилагодуваат, додека пак други стануваат депресивни во новиот дом, мислејќи дека сте ги “истерале” од стариот и сте ги оддалечиле од средината која ја сакале.

2. Раѓање на бебе во домот

Раѓање на бебе во домот може да предизвика депресија кај кучето, посебно доколку сте престанале да обрнувате внимание на кучето и целото внимание е насочено кон бебето.

Ако сте љубител на животните, но вистински љубител, би требало да знаете дека доаѓањето на нов член во семејството може да предизвика љубомора кај миленикот, а воедно и депресија.

Најдете начин да направите баланс и да посветуват доволно време на семејството и на кучето, затоа што сепак, и кучето е дел од вашето семејство. Истото важи и за луѓето кои чуваат мачка.

3. Вдомување на ново куче/маче

На почетокот, вдомувањето на ново куче/маче во домот, може да предизвика љубомора кај вашиот веќе постоечки миленик.

Но, после одреден период, животните се навикнуваа едни на други, и се спријателуваат. Сепак, се додека не се случи тоа, веќе постоечкото куче може да поминува низ депресивна фаза.

Ако сакате да ја ублажите депресијата, не покажувајте нееднаквост помеѓу нив.

4. Смрт на куче или маче со кое кучето живеело заедно

Откако еднаш ќе се спријателат животните, доколку настане смрт на едното животно, другото може да развие депресија, што е и нормално.

И ние луѓето го искусуваме истото при смрт на сакана личност или миленик.

За да ја ублажите тагата, може да присвоите ново милениче кое ќе ја пополни празнината и ќе му прави друштво, додека не го преболи претходното милениче кое починало.

5. Смрт на сопственикот или член на семејството

Додека ја читав оваа причина на Гугл, ми се насолзија очите. Не мислете дека животните немаат чувства, затоа што имаат. Доказ за тоа е депресијата која настанува после смртта на сопственикот или член на семејството кој бил близок со кучто.

Во едно битолско село, Живојно, каде што ја погребавме баба ми, затоа што тоа беше нејзиното родно место и сакаше да биде почива таму, има гроб на дете кое починало на млади години и кое живеело со родителите и своите две кучиња.

Во селото кружеа приказни дека откако момчето починало, кучињата го посетуваат неговиот гроб секој ден. И приказните се вистинити, затоа што последниот пат кога го посетив гробот на баба ми, дојдоја и вртеа околу неговиот гроб, а потоа и околу другите гробишта.

Дури и од пишувањето на ова, се намовнав. Затоа, следниот пат кога ќе помислите дека миленичето ве сака, само кога имате храна во раката, помислете два пати и сетете се на оваа приказна. Не, кучињата знаат да сакаат повеќе од луѓето.

6. Промена во секојдневната рутина

Доколку ненадејно ја промените секојдневната рутина, односно ги пропуштате прошетките, или не го храните кучето на време, тоа може да стане депресивно.

Зошто? Затоа што мисли дека сте заборавиле на него и не му обрнувате внимание како претходно. Живееме во динамичен свет, во кој постојано некаде се брза, иако не знаеме на каде точно одиме, и разбирливи се промените во секојдневието.

Но, обидете се миленичето да не ги забележи. А доколку тоа делува невозможно, започнете нова рутина и навикнете го на истата што побрзо. Покажете дека се грижите за миленичето, доколку не сакате истото да западне во депресија.

7. Недоволна грижа и внимание

Оваа причина наликува на претходната. Недоволна грижа и невнимание доведуваат до депресија кај миленичето, без разлика дали е куче или маче.

Хранете го кучето редовно, вадете го на прошетка и покажете љубов, доколку не сакате да биде депресивно.

8. Трауматично искуство

Доколку вашето милениче претрпело трауматично искуство, како на пример операција, борба со друго животно, удар од (не)човек или слично, постои можност истото да развие депресија.

Освен тоа, доколку претрпува физичка болка, однесувањето ќе се промени и причините кои ги напоменав, може да укажуваат на болест со која миленичето се соочува, наместо со депресија.

Кои се симптомите на депресија кај кучињата?

Доколку забележите некои од следните 5 симптоми, прво однесете го миленикот на ветеринар и проверете го неговото здравје и физичка состојба.

Доколку се утврди дека се е во ред, а миленикот се уште ги покажува овие симптоми, тогаш најверојатно се работи за депресија.

1. Намалување на апетитот

Ако кучето е депресивно, го губи апетитот или престанува да јаде целосно. Но, имајте на ум дека некои кучиња можеби го губат апетитот или не јадат воопшто, додека пак други јадат прекоумерено кога се депресивни, затоа што гледаат на храната како на утеха.

Исто како и некои луѓе. Ако кучето нема апетит или има зголемен апетит, постои шанса неговиот организам да поминува низ хемиски дисбаланс предизвикан од клиничка депресија. Променете ја храната. Можеби кучето не е повеќе задоволно со редовната храна, па затоа изгубило интерес.

2. Примена во спиењето

Ако кучето е депресивно, спие повеќе. Исто како и луѓето кои патат од депресија. Ако вашето куче не сака да стане, спие многу повеќе од обично и не е активно како што било претходно, а е здраво, постои голема веројатност да пати од депресија.

3. Намалување на енергијата

Ако кучето е депресивно, тоа може да се забележи по намалениот интерес за омилените играчки, прошетки или за играње со вас. Исто како и луѓето кои патат од депресија и губат интерес за социјализирање со други луѓе и забава.

4. Одбегнување и криење

Ако кучето започне да ве одбегнува или се крие на места на кои може да биде само, како на пример под креветот или зад некое парче мебел низ домот/дворот, или во своето место за спиење, постои голема веројатност истото да пати од депресија.

5. Зголемено лижење

Кучињата кои патат од депресија, си ги лижат шепите многу често. Ако забележувате зголемено лижење кај вашиот миленик, можеби пати од депресија.

Што да правам ако ги забележувам симптомите на депресија кај моето куче?

Прво, посетете ветеринар за да утврдите дали миленичето е здраво, односно дали пати од некоја болест. Доколку резултатите покажуваат дека е здраво, вакцинирано и се уште ги покажува знаците на депресија, тогаш најверојатно пати од депресија.

Ветеринарите ширум светот советуваат да ја утврдите точната причина, а потоа да најдете начин да му помогнете на кучето. На пример, доколку кучето е депресивно поради смрт на друго куче или маче кое живеело со него, вдомете ново милениче кое ќе ја пополни празнината.

Или доколку покажува незадоволство од храната, купувајте поквалитетна храна или изненадувајте го повремено со награди.

Поминувајте повеќе време заедно и посветувајте повеќе внимание на миленичето, кое е вашиот вистински пријател, за разлика од луѓето. Доколку депресијата трае долго време, советувајте се со ветеринар за препишување на лекарства и евентуална терапија.

Поврзани статии

Pin It on Pinterest

Share This