10 Начини како да го продолжиш животниот век на твоето милениче

Многу луѓе ги обожуваат своите миленици, па дури и ги третираат како деца. И нема ништо лошо во тоа. Напротив, го прави миленичето среќно.

И милениците се невини и добродушни како и децата, се додека некој идиот не ги истренира да напаѓаат. Или пак не ги истрауматизира, па повторно да напаѓаат од страв.

Кажав дека многу љубители на животните, ги третираат истите со љубов и внимание, додека пак други, ги врзуваат со ланец и им фрлаат јадење, како на роб.

Таквите луѓе не ги нарекувам љубители на животните, туку идиоти.

Идиот си ако го чуваш миленичето врзано во двор и не го шеташ, туку само му фрлаш јадење и мислиш дека треба да е задоволно и среќно што барем го раниш.

Не, тоа милениче не е задоволно и среќно, туку несреќно и порадо би шетало по улици, отколку да биде во твојот двор со ланец на вратот, до крајот на животот.

Ако се пронајде во ова, текстов не е напишан за тебе, туку за ВИСТИНСКИТЕ љубители на животни и оние кои сакаат да го продолжат животниот век на своето мичениче и сакаат да го направат среќно, затоа што го сакаат и го гледаат како живо суштество, како што и треба, а не како чувар на куќата или робот кој треба да се дави и размножува за пари.

Ако се пронајде и во последната реченица, знај дека ти не си љубител на животните, туку си љубител на профитот, а воедно и ИДИОТ.

А за вистинските љубители, еве неколку начини на кои може да го продолжите животот на миленичето и да го направите среќно, ако покажува знаци на тага или незадоволство.

1. Купувајте квалитетна храна

Квалитетната храна е столб на здравјето кај секое милениче.

А здраво милениче е среќно милениче. Доколку забележите дека миленичето е депресивно или се однесува чудно, променете ја исхраната.

Можеби има недостаток на некој витамин или пак старата храна му здодеала.

Не штедете на храната на миленикот, за да може заштедените пари да ги потрошите на кафе, цигари, алкохол и облека. Здравјето и среќата на вашето милениче треба да ви бидат поважни од пороците.

2. Поминувајте квалитетно време заедно

Сите сме зафатени. Сите брзаме некаде. Сите си ветуваме дека подоцна ќе си поиграме со миленичето. Но, вистината е дека живееме во свет со измислени обврски. Живееме во свет во кој постојано брзаме, а не знаеме на каде и кон што.

Живееме во свет во кој прекршуваме ветувања поради мрза и неволност, а забраваме дека ТОКМУ НИЕ сме се што миленичето има во својот живот. Нели заслужува квалитетно време поминато со вас? Нели заслужува кратка прошетка и внимание?

Зарем излегувањето со дволични пријатели, односно оние кои не го заслужуваат вашето време и внимание, е повредно од вашето милениче? Играјте игри. Трчајте заедно. Пливајте. Гушкајте се.

3. Чешлајте го миленичето почесто

Можеби се прашувате, каква врска има чешлањето со среќата на миленичето.

Настрана од тоа дека додека го чешлате, поминувате време со него, со чешлањето ја заштитувате кожата и крзното од проблеми. Може да детектирате кожен проблем пред да прерасне во нешто сериозно или пак да спречите хипертермија во лето.

И настрана од сето тоа, вашето милениче го обожува тоа, освен ако не е од типот на миленици како моите кои едноставно не сакаат да ги чешлаш.

И покрај тоа што не сакаат, вие треба да инсистирате. Иако миленикот не се согласува, чешлањето е сепак добро за него. Плус, тоа ја зајакнувате врската помеѓу вас двајца.

4. Изненадете го со награда

Сите знаеме колку гласно лаат кучињата или пак колку слатко мјаукаат мачките, кога ќе видат награда. Наградите ги прават среќни, затоа што знаат дека се однесувале добро или едноставно, знаат дека ги сакате и сакате да им ја докажете љубовта.

И не само тоа, туку давањето награда кога миленикот е добар или послушен, може да ви помогне полесно да го истренирате. Може да дадете награда кога ќе изврши нужда надвор, наместо во дворот. Или пак кога се гали со гости.

5. Посетувајте ветеринар почесто

Многу миленици не сакаат посета на ветеринар. Исто како што ние луѓето не сакаме посета на лекар.

Но, проверка на здравјето е важен дел од чувањето на вашиот миленик. Како што кажав претходно, здрав миленик е среќен миленик. Погрижете се да ги добие соодветните вакцини.

И не заборавајте, награда после успешна посета без многу лаење или мјаукање, ќе ви помогне да го навикните миленикот на посета кај ветеринар.

Добро е да се посетува еднаш, до два пати годишно, ако миленичето е постаро.

Ако покажува било какви промени, препорачувам да посетите ветеринар веднаш, без разлика дали сте го посетиле претходно и резултатите или рутинската проверка биле беспрекорни.

6. Исчистете го од паразити

Внатрешните и надворешните паразити, посебно надворешните ги унесреќуваат милениците. Зошто? Затоа што имаат иритирана кожа и постојано се изложени на чешање, па дури и самоповредување со ноктите.

Користете ампула која ќе го заштити миленикот од болви, крлежи и други паразити во текот на летниот период. Или прскајте го со спреј против надворешни паразити кој има дејство од 10 дена по прскањето.

Кога летото ќе заврши, може да се престане со прскање. Исто така, не заборавајте да го исчистите миленикот со апче против глисти, односно внатрешни паразити.

Консултирајте го ветеринарот или продавачот во најблиската продавница за животинска исхрана, колку апчиња треба да прими миленикот, зависно од возраста и кога треба да се повтори процесот.

Ако миленикот има паразити, со помош на апчето, ќе се исфрли преку изметот.

Освен иритирана кожа, запомнете дека надворешните и внатрешните паразити може да развијат алергија или инфекција која може да прерасне во нешто сериозно, ако не се третира навремено.

7. Стимулирајте го мозокот на вашиот миленик

Постојана физичка активност е важна за среќата и развојот на кучето.

Но, што со менталната стимулација, односно стимулацијата на мозокот? Се прашувате како да го стимулирате мозокот на вашето милениче? Може да го направите тоа преку игри или трикови.

Научете го миленичето на игра или трик, без разлика дали се работи за маче, куче или друга врста на миленик. Играјте фудбал, подавајте со топка или пливајте заедно.

Ако миленичето поминува поголем дел од денот само во домот, купете видеа кои ќе му го задржат вниманието, односно кои ќе му го стимулираат мозокот и пуштајте ги на телевизор пред да излезете од домот.

8. Зборувајте со миленичето

Нема ништо лошо во тоа да си зборуваш со миленичето. Јас тоа го правам постојано со моите.

Имам две кучиња и постојано си разговарам со нив, односно им поставувам прашања, а тие лаат во знак на разбирање или се вртат околу мене, среќни што посветувам време на комуникација и дружба со нив.

Кучињата и мачките препознаваат кога сте лути или горди на нив по тонот на гласот, односно кога им се обраќаме со убави зборови, и тие се чувствуваат убаво.

Сега кога го знаете ова, може да го смирувате и усреќите вашето милениче со тоа што ќе му се обраќате почесто и со помилозвучен глас.

9. Правете работи кои го прават миленикот среќен

Ова е еден од најлесните начини како да го направите миленикот среќен и да му го продолжите векот на живеење. Секое животно е посебно на свој начин, односно има работи кои на едно животно му се допаѓаат, а на друго не. Исто како и луѓето.

Ако вашето милениче обожува да се гушка, гали или сака чешкање по стомакот, правете ги тие работи почесто. Ако сака да си игра со вас, играјте заедно почесто.

Едноставно, правете ги работите кои го прават миленикот среќен, за да може и тој да ви врати со безусловна љубов, каква што не може да добиете од ниеден човек.

10. Затворете го текстот, а потоа прегрнете го миленичето

Што чекате?

Поврзани статии

Pin It on Pinterest

Share This