Ако мислите дека некој има срцев удар, со превземање на секундарна иницијатива, може да го спасите животот на личноста.
Пред да образложам како да помогнете, да се запознаеме со терминот “срцев удар” и да ги погледнеме симптомите кои укажуваат на истиот.
Срцевиот удар е последица од опструкција во снабдувањето со крв во срцевиот мускул. Тоа најчесто се случува поради тромб во коронарните крвни садови.
Но, постојат и други причини кои предизвикуваат срцев удар, како физичка неактивност, мрснотии, пушењето цигари, инфекции, додаток на калциум во исхраната, депресија, проблеми со бубрезите, напорна (психичка и физичка) работа, како и дијабетес.
Ова се главните причини поради кои луѓето може да доживеат срцев удар. Како што веќе кажавме, опструкција во снабдувањето со крв во срцето, предизвикува срцев удар кој може да заврши фатално, ако не се реагира на време.
Колку побрзо реагирате, толку поголема е шансата дека личноста која има срцев удар, ќе преживее.
Но, исходот не зависи само од вашата помош, туку и од тоа колку мускулот е зафатен. Ако мислите дека некој доживува срцев удар, наместо да паничите, повикајте брза помош или однесете ја личноста до најблиската амбуланта.
Шансите пациентот да преживее се три пати поголеми доколку срцевиот удар се третира во текот на наредниот час после добивањето.
Кои се симптомите на срцев удар?
Личност која доживува срцев удар, чувствува замор и вртоглавица, проследени со силна болка во градите.
Болка во градите е неизбежна и се шири до вилицата, како и надолу по едната или двете раце. Кога личноста мирува, болката во вилицата и рацете, престанува.
Друг симптом е непријатноста во горниот дел од стомакот, која може да се помеша со отежнато варење.
Останати симптоми се борење за воздух, страв, бледа или сива, испотена кожа, брз и неправилен пулс и колапс, односно онесвестување без предупредување.
Како да помогнам?
Ако личноста е свесна, седнете ја на цврста подлога и ослободете ја од облеката на градите, вратот и половината.
Направете да се чувствува колку што е можно поудобно, а во меѓувреме, повикајте брза помош. Наместете ја личноста во полу-седечка положба и добро поткрепете ја главата и рамениците.
Наместете ги колената во свиткана положба за да се олесни притисокот врз срцето.
Чувајте ги минувачите подалеку од пациентот за да ја намалите паниката и притисокот, односно, расчистете го просторот околу вас. Ако пациентот има ангина, дајте му лекови за ангина.
Поттикнете го да се одмори и одржувајте го смирен. Може да дадете и аспирин (300 mг), доколку личноста е во свесна состојба.
Таблетата треба да се џвака полека, за да се раствори подобро и побрзо да се апсорбира во крвотокот, откако ќе стигне во стомакот. Аспиринот не се користи само за болка, туку и помага да се прекине згрутчувањето на крвта во телото.
Со аспиринот ќе го минимизирате мускулното оштетување при срцев удар.
Откако ќе го направите сето ова, следете ја состојбата на пациентот, се додека не му биде пружена професионална помош. Редовно проверувајте ја состојбата, односно свеста, дишењето и пулсот.
Доколку пациентот е онесвестен, отворете му ја устата и проверете го дишењето.
Доколку не покажува знаци на живот, дајте му вештачко дишење. Ако не знаете како се дава вештачко дишење, кликнете тука за да научите. Ако сакате да научите повеќе информации за прва помош, кликнете тука.
Побарајте автоматски дефибрилатор од најблиската фирма, бидејќи согласно законот за здравствена заштита, сите работодавачи, односно фирми со околу 100 или повеќе вработени, се должни да поседуваат ваква направа за помош при срцев удар.
Доколку сакате да дознаете повеќе околу дефибрилаторот и која е неговата севкупна намена и како точно се користи истиот, кликнете тука.
Ако пациентот се смири со одмарање, се работи за ангина. Ако се прашувате што е ангина, тоа е долгорочна состојба во која се намалуваат срцевите артерии, така што срцето не може да се снабди со доволно крв за да работи правилно.
Луѓето дијагностицирани со ангина имаат лекови препишани за истата во случај на напад. Ако пациентот има ангина, помогнете да се најдат лековите (таблети или спреј) и да се употребат. Ако пациентот не е во состојба да го внесе лекот, помогнете му да го направи тоа.
Ако пациентот нема лекови и нападот не се олесни за неколку минути, повикајте брза помош и третирајте ја состојбата како што би третирале срцев удар, односно како што опишавме погоре.
Како да помогнам при закрепнувањето?
Ако пациентот го преживее срцевиот удар и доколку сте во близок контакт, постојат начини на кои треба да го третирате додека закрепне во домашна состојба.
Откако пациентот ќе биде подготвен да се врати дома, информирајте се што треба да консумира, а што да избегнува за да закрепне побрзо.
Зборувајте со медицинско лице и информирајте се за се што ве интересира околу побрзо закрепнување, како и за намалување на ризикот од повторен срцев удар.
Запомнете ги симптомите кои ги набројавме на почетокот на текстот и пружете емоционална поддршка. Бидете флексибилни и спремни да им помогнете во секој момент околу закрепнувањето.
Зборувајте за тоа како се чувствува личноста, со цел да го победите стравот од повторен срцев удар и да го надминете сеќавањето од страшното искуство.
Охрабрете ја личноста да посетува лекар и да си ја проверува состојбата почесто. Посетувањето на група за поддршка или советување се исто така корисни опции за пациентот.