Ако го оставиш на улица, нема да преживее, туку ќе го убијат или ќе умира полекa од глад

Една од причините поради која преферирам да останам дома, отколку да излезам се бездомните кучиња и мачиња кои ги гледам насекаде низ градот. Без разлика дали ќе им помогнам денес, знам дека утре ќе лутаат по улици, влегувајќи во контејнери и канти, барајќи парче леб. И без разлика дали ќе помогнам да се вдоми маче или куче денес, знам дека утре повторно ќе има исфрлено нови животни на улица. Некои се толку лоши и бесчувствителни, што оставаат новороденчиња на улица, покрај контејнер, или покрај пат, во пакет, надевајќи се дека некој ќе ги земе и ќе им ја исчисти совеста. Односно, со таа надеж, тие си ја чистат совеста.

Доколку се пронајде во ова, сакам да знаеш дека твојата совест не е чиста. И ти не си добар човек. Ти си идиот кој е несреќен и неспособен да се грижи за себе, а не пак за некој друг.

Парите кои ги штедиш за кафе или некој порок, а не ги вложуваш во стерилизација на миленикот, нема да ти донесат среќа.

Напротив, ќе ти донесат несреќа, затоа што, можеби не верувам во ништо што не се докажува, но сепак и давам шанса на кармата да се докаже. И кучката навистина се докажува секој ебен пат.

Сакам да знаеш дека ќе те посети и потсети зошто си несреќен. И во моментите кога ќе ти се случи нешто лошо, непосакувано или злобно, потсети се на животните кои си го оставил на улица.

Потсети се на нивното плачење по мајка си и замисли го кркорењето на нивните црева, додека полека умираат во посраниот пакет во кој си ги оставил. Потсети се дека си убиец. Да, убиец.

Не е важно дали си убил човек или животно, сепак си убиец, затоа што ЖИВОТ е живот. И не можеш да го негираш тоа со изговорот: “Тоа е само животно”. Не, тоа не е САМО животно. Тоа има срце како твоето. Очи како твоите. Уста како твојата. Потреба за јадење како што имаш ти. Потреба за вода како што имаш ти. Има нозе. Има раце. Исто како тебе. И не е САМО животно, туку е повеќе од тебе, нечовечниот.

Постојат и поголеми идиоти од оние кои ги оставаат животните во пакети, надевајќи се дека ќе ги вдоми некој или пак студот и гладот ќе им ги скратат маките. Постојат идиоти кои штотуку родени мачиња и кучиња ги ставаат во најлон и ги фрлаат во контејнер. Дури и самата помисла на ова, ме ужаснува.

Со новородените мачиња од мачката која наводно ја сака, вака се справува човек со кој седев на маса, а од тој ден, не го видов повеќе. Ако ја сакаш мачката, нема да ја ставаш во ситуација да тагува по своите бебиња. Ако ја сакаш мачката, ќе ја стерилизираш, наместо да ги трошиш парите во казино или на алкохол. Ако ја сакаш мачката, нема да бараш изговор од типот: “Греота е да ја стерилизирам”. Не, греота е да се мачи и раѓа. Греота е да ги фрлаш бебињата во контејнер, во најлон.

Се прашувам, дали ваквите луѓе понекогаш ги слушаат криците на животните кои ги убиле во сонот. Убијци, ги слушате ли?

Или пак и совеста ве напуштила кога сфатила какви сте? Како спиете навечер? Мирно, додека тие се гушат или под некаква околност се спасени од некој и повторно пуштени на улица, да се снајдат?

А што значи тоа “да се снајдат”? Мислите, да ги отрујат клетниците кои се мразат себеси, па затоа повредуваат се што е невино и чисто?

Како очекувате маче или куче кое штотуку прогледало, “да се снајде”?

Ми се гадите. Не, нема да се снајде, туку ќе умри на улица, удрено од копиле со автомобилот на тато, кое се курчи низ град, мислејќи дека сите гледаат во него.

Или ќе го “вдомат” ромите кои ќе го пораснат со леб, на синџир, а потоа ќе ја тестираат неговата издржливост во борба со питбул.

Имам прашање и за луѓето кои ги користат кучињата за борби.

Зошто немате живот? А камоли пак совест? Зошто залудно го трошите воздухот на земјата? Зошто едноставно, не исчезнете?

Љубители на животни? Не, љубители на профитот. Љубители на изопаченоста. Љубители на злото.

И пак ќе кажам, кога ќе стане тешко, не прашувајте се зошто.

Доволно е да се потсетите на сите животи кои сте ги одзеле ради забава и пари, две минливи, банални работи кои никогаш нема да те исполнат и направат среќен.

Одгледувачи на расни животни кои ги парите за продавање на нивните потомци, не сте ништо подобри.

Но, барем глумите дека ги сакате животните, експонирајќи ги на емисии водени од луѓе кои не се ништо подобри од вас, повторно за пари.

Имам уште многу да кажам, но знам дека текстов нема да заврши доколку продолжам.

Се чувствува омразата измешана со сожалување во моите зборови? Боли вистината? Умри. Исто како што оставаш животните да умираат по улица, себичен.

Ќе пресечам тука и ќе им пренесам на вистинските љубители на животни, да им помагаат на бездомните животни колку што можат и да ја враќаат довербата во човештвото.

Ајде да им докажеме на клетниците кои не заслужуваат да газат по земјава дека вистински луѓе се уште живеат во вистинска смисла на зборот, додека тие само преживуваат во сопствената мизерија, затоа што не знаат за подобро. А никогаш нема ни да дознаат, благодарение на нивниот закржлавен мозок и камено срце.

Поврзани статии

Pin It on Pinterest

Share This