Ако ми фали око или екстремитет, не значи дека не заслужувам љубов и внимание

Постојат животни кои загубиле око или нога поради инфекција, борба со други животни или човечки фактори. И често овие животни одбиваат да ги вдомат поради недостатокот.

Најчестиот изговор кој се користи кога доаѓа до вдомување на животно без око или екстремитет е дека им било жал да ги гледаат такви.

Сите кои го користите овој изговор, сакам да ве прашам, дали навистина ви е жал или барате совршен расен миленик за кој не треба многу да се грижите?

Не кажувам дека грижата за милениче со недостаток е значително посложена од грижата за обично милениче, но сепак, потребно е поголемо внимание и љубов.

Не значи дека ако на некое маче или куче му фали око или нога, тоа не заслужува љубов, со изговор дека ви е жал да го гледате такво. Не ви е жал, туку СЕБИЧНИ СТЕ. Плус, се чувствувате неспособни да се грижите за таков миленик, бидејќи не сте способни ниту за себе да се грижите како што треба.

Вистинскиот љубител на животните, ги сака сите животни, без разлика на недостатоците или педигрето. А такви во Македонија има малку.

Повеќето чуваат животни, најчесто кучиња кои се расни и кои ги размножуваат, а потоа ги продаваат за пари. Да не ги споменувам борбите со кучиња кои ме ужаснуваат.

Зарем таквите луѓе може да се наречат љубители на животните? Покрај толку многу напуштени бездомни кучиња, луѓето сепак се одлучуваат за расно куче, не обрнувајќи внимание на криците од стационарите и труењето на останатите кучиња по улиците. И се дрзнуваат да кажат дека се љубители на животните.

Не, вие сте љубители на профитот. И ми се гадите.

Махатма Ганди рекол дека големината на една нација и моралниот прогрес може да се одредат од начинот на кој се третираат животните во таа држава.

Според ова, ние Македонците немаме морал. Ние сме мизерни и несреќни, бидејќи сите знаеме како Македонецот се справува со бездомните животни. И под “справува”, мислам ТРУЕ.

Се надевам дека во иднина, оние кои трујат, ќе ја искусат болката која ја нанесувале на своја кожа.

За крај, наместо да ги одминувате животните со некаков недостаток со изговор дека ги сожалувате и не поднесувате да ги гледате такви, помогнете им и вдомете ги. Само така ќе докажате дека сте вистински љубител и заштитник на животните.

Поврзани статии

Pin It on Pinterest

Share This