Според мене, секој лек за модерните болести се крие во природата.
Кога ќе размислам подобро, сфаќам дека природата создала храна, покрај се останато, за да не одржува во живот и се чувствувам благодарна што имам таква мајка, покрај мојата биолошка мајка.
И не можам, а да не се запрашам зошто луѓето се уште јадат месо и останати производи кои се добиени преку насилство и исполнети со страдањето, солзите, и стравот на животните? Зарем не гледаме колку добро природата се грижи за нас?
Не ни требаат хамбургери зачинети со хемикалии кои не прават зависни од брза храна ниту пак домати растени под ламба. Всушност, не ни треба процесирана храна од никаков вид.
Се што ни треба е храната од природата наменета за да не одржува здрави и витални. Но, да не одолговлекувам повеќе и да преминам на главното. Размислете за она што го внесувате во себе и сами донесете одлука за вашето здравје. Јас сум тука само да ви ги скокотнам мозочните ќелии.
Како што повеќето од вас знаат, мојата професија е фриленс копирајтер на Англиски јазик. Или во превод, пишувам статии од секаков вид на различни теми за странски сајтови веќе 6 години. И низ сите тие години, сум наидувала на многу интересни содржини за кои не сум наоѓала време да ги споделам со моите фанови. Една од тие содржини е токму оваа.
Храни кои наликуваат на човечките органи.
Сигурно се запрашувате, зарем навистина наликуваат на човечките органи и дали тоа е случајно. Мојот одговор е да, наликуваат. А дали е случајно или не, не знам. Тоа треба секој за себе да си одлучи.
Сепак, постојат истражувања кои докажале дека следниве храни од природата кои наликуваат на органи од човечкото тело всушност им помагаат на истите во извршување на истите, а воедно и ја подобруваат нивната состојба.
На пример, оревите нели наликуваат на мозокот? Според студиите, овие јаткасти плодови ја подобруваат функцијата на мозокот. Случајност? Можеби. А можеби и не.
Ајде да погледнеме и други храни кои наликуваат на човечките органи и да научиме повеќе за тоа како истите можат да го подобрат нашето здравје.
Екстра совет: Запомнете дека повеќето од овие храни се повеќе корисни за вас доколку ги јадете сирови.
1. Ореви
Како што веќе споменав, оревите наликуваат на мозокот, посебно кога се во целосна форма. Но, она што е уште повеќе фасцинантно е тоа што истите содржат значително висока концентрација на DHA – омега-3 масни киселини кои се позната по тоа што го одржува мозокот во добра форма.
Дополнително, омега-3 масните киселини ја подобрува когнитивната функција не само кај возрасните, туку и кај новороденчињата. Покрај нив, оревите содржи и антиоксиданти и витамин Е кои ја подобруваат функцијата на мозокот.
Според истражувањата, оревите помагаат во креирање на неуро-трансмитери во мозокот кои помагаат во сигнализирањето и поттикнувањето на нови врски помеѓу мозочните ќелии.
Со други зборови, оревите превенираат деменција. И не само тоа, туку тие исто така ги извлекуваат и разградуваат плаките базирани на протеини поврзани со Алцхајмеровата болест.
2. Грав
Гравот без разлика на бојата не само што наликува на бубрег туку и ја потпомага функцијата на бубрезите. Овие легуми содржат различни витамини и минерали, така што вашето севкупно здравје се подобрува со јадењето на грав.
Иако јас не го сакам приготвен на традиционален начин, во чорба или тавче гравче, се уште го јадам варен во комбинација со други зеленчуци. Односно, во форма на салата.
Да не должам, накратко гравот не само што ја подобрува функцијата на бубрезите туку може и да помогне во лекувањето на болните бубрези. Благодарение на потасиумот, магнезиумот, влакната и протеините, гравот исто така помага во нормализирање на високиот притисок, притоа зголемувајќи ги артериите и овозможувајќи правилен крвен проток.
3. Печурки
Кога ќе ги преполовите печурките, може да забележите дека наликуваат на ушни школки. И секако, случајно или намерно, поврзани се со функцијата на овој орган. Содржат голема количина на витамин Д кој е познат по зачувување на цврстината на коските, вклучувајќи ги и трите минијатурните коски на увото кои пренесуваат звуци до мозокот.
4. Домати
Доматот е црвен по боја и содржи 4 прегради. Погодете кој орган ги има истите карактеристики. Срцето! Според истражувањата, доматите содржат ликопен, антиоксидант кој е исто така познат како “храна за срцето и крвта”.
Во глобала, доматите можат ве заштитат од честите срцеви болести. Дополнително, тие помагаат при висок крвен притисок и ги штитиат клеточните структури од оштетување на слободните радикали.
5. Грозје
Белите дробови содржат мали воздужни премини кои се разгрануваат на уште помали делови познати како авеоли. Јадењето на грозје ги намалува шансите за рак на белите дробови и емфизем.
Така што, не само што грозјето има слична форма на белите дробови, туку и преставува една од најздравите ужинки која може да ја консумирате помеѓу оброци.
Дополнително, грозјето и семките од грозјето помагаат при астма предизвикана од алергија. Содржат хемикалија наречена проантоцијанидин која помага да се намали астмата.
6. Целер
Целерот и сличните зеленчуци на него наликуваат на коските во телото. И секако, го подобруваат скелетот во глобала. Коските се состојат од 25% содиум, а овие зеленчуци содржат содиум во нив. Доколку не внесувате доволно содиум, вашите коски ќе станат послаби.
Па затоа, наместо чаша млеко од крава за која ве лажат цел живот дека ги зацврстува коските, а всушност ги прави прави покршливи, направете смути од целер или некое јадење во кое може да го вметнете за појадок, ручек или вечера.
7. Авокадо
Доколку погледнете внимателно, ќе забележите дека авокадото наликува на матката кај жените. И не само тоа, туку и содржи голема количина на фолна киселина која помага во намалувањето на ризикот од цервикална дисплазија и спречување на вродени инвалиди.
Докторите препорачуваат фолна киселина за време на бременоста, како и за жени кои се обидуваат да забременат. Регуларниот внес на авокадо може да ви помогне да ги балансирате хормоните за раѓање и да ја намалите тежина после бременоста.
8. Портокал
Грејпфрутот, портокалот, и другите цитрусни овошја кога ќе се преполоват наликуваат на млечните жлезди кај жените. Тие всушност помагаат во одржување на здравјето на градите како и движењето на лимфата во и надвор од градите.
Цитрусните овошја содржат компоненти кои може да ве заштитат од рак на дојка како што се фолати, витамин Ц, каротеноиди како бета криптоксантин и бета каротин, и флавоноидни антиоксиданти како кверцетин, хесперетин и нарингенин.
9. Банана
Бананата не само што наликува на насмевка, туку и може да ви донесе насмевка на лицето! Според истражувањата, бананата содржи специјален протеин познат како триптофан кој всушност се трансформира во серотонин при дигестијата во телото.
А сите знаеме дека серотонинот е хемикамија која може да ни го подобри расположението како и да не направи посреќни. Лично, не сакав банани, но откако го дознав ова нивно “магично” дејство, планирам да ги консумирам се почесто, затоа што искрено, ми фали серотонин.
10. Ѓумбир
Свежиот ѓумбир наликува на внатрешноста на стомакот. А исто така и помага во дигестијата и го зајакнува слузниот слој на желудникот.
Не е случајно тоа што Индијанците и Кинезите го користат ѓумбирот со векови против стомачни болки и гадење. Но, според мене, најголемиот бенефит од ѓумбирот е забавувањето на стапката на раст на тумори на дебелото црево.
Ѓумбирот може да помогне и во лекување на дијареа, гасови, синдром на нервозно дебело црево, и други стомачни заболувања.
11. Кромид
Кромидот може да ве расплаче, но здравствените бенефитите од овој зеленчук се вредни за вашите солзи. Не само што кромидот го подобрува вкусот на секое јадење, туку и му помага на телото да се ослободи од непотребен отпад.
Кромидот е всушност природен производ за чистење на телото одвнатре. Кога ќе погледнете подобро, ќе забележите дека кромидот пресечен на пола наликува на клетките во телото. Според истражувањата, овој зеленчук ги чисти отпадните материи од сите клетки во телото.
12. Брокула
Доколку споредите слика од брокула со клетки на рак, ќе забележите многу сличности. Тим на истражувачи на Американскиот Национален Институт За Рак утврди дека неделна порција брокула е доволна за намалување на ризикот од рак на простатата за 45%.
13. Морков
Пресечен морков наликува на око, а науката кажува дека јадењето на моркови значително го зголемува протокот на крв во очите. Овој зелечнук ја добива портокаловата боја од растителна хемикалија позната како бета-каротин која го намалува ризиокот од развој на катаракта.
Оваа хемикалија исто така штити од макуларна дегенерација, проблем со видот поврзан со стареењето, кој влијае на секој четврти поединец на возраст над 65 години.
14. Сладок компир
Кога ќе го споредите слаткиот компир со панкреасот ќе забележите колку многу се слични во изглед и форма. Уште поинтересно е тоа што слаткиот компир му помага на панкреасот на многу различни начини.
Панкреасот е органот кој ја разградува храната од стомакот и произведува хормон познат како инсулин. Овој хормон помага да се регулира гликозата и нивото на шеќер во во телото. Слаткиот компир содржи витамин А и Ц кои му помагаат на дијабетичарите во балансирање на нивниот гликемиски индекс кој е директно поврзан со функцијата на панкреасот.
15. Црвено вино
Сакам да ја завршам оваа листа со пијалок – црвено вино кое иако не е моето омилено сепак е одличен избор бидејќи спречува згрутчување на крвта.
Како што може да забележите, црвеното вино не само што наликува на крв, туку и помага во нејзиниот проток, но само во умерени количини. На долга стаза, црвеното вино исто така штити против срцев удар и мозочен удар.
На здравје!
Сега откако знаете повеќе за овие здрави храни и како истите помагаат во правилна функција на одредени органи, се надевам дека ќе ги консумирате почесто. Здравата исхрана (иако не знам колку од денешната здрава храна е навистина здрава) е лесно достапна и сигурно не е поскапа од хамбургер, фамилијарна пица, или некоја друга процесирана храна која може само да му наштети на вашето здравје.