Ова е единствениот квалитет кој треба да го барате кај мажите

Постојат повеќе работи на кои треба да обрнете внимание при одбирање на партнер. И повторно ќе кажете, срцето не одбира во кој ќе се заљуби.

А јас повторно ќе ви кажам дека сте во право. Но, вие одбирате дали ќе останете со личноста која срцето ќе ја избере. Вие одбирате дали ќе останете со личноста која ја сакате, без разлика на се.

Или ќе бидете попаметни и ќе се сакате повеќе себеси, отколку што ќе ги сакате другите. Односно, ќе заминете, ако врската не ви одговара.

Повеќето жени остануваат со мажи кои не ги вреднуваат доволно или воопшто, само затоа што се плашат од самотија. Повеќето жени остануваат со мажи кои ги понижуваат, навредуваат, изневеруваат, затоа што мислат дека нема да најдат друг.

А вистината е спротивна. Ќе најдат. И тоа подобар. Но, пред да го сфатат ова, треба да сфатат дека не е во ред да останеш со личноста која ја сакаш по секоја цена.

Ако копилето те изневерува, деградира, навредува, или малтретира психички и физички, НЕ ТЕ ЗАСЛУЖУВА. Ова се само неколку индикатори според кои може да утврдите дали човекот кој го сакате е идиот.

Но, како да утврдите дали е добар материјал за дечко или сопруг, ако делува совршено и се однесува нормално?

Постои еден квалитет кој е важен кај мажите и на кој треба да обрнете внимание, ако сакате да останете со него во иднина и да градите заедничка иднина.

А тоа е способноста за постигнување на компромис.

Дали овој квалитет е дел од карактерот и природата на мажот, се покажува со тек на време, низ различни секојдневни ситуации. На пример, ако партнерот постојано одлучува во ваше име, ви кажува што да облекувате, со кој да се дружите, дали да излегувате или не, каква храна да јадете, како да се однесувате во негово друштво, тогаш не ја поседува способноста за постигнување на компромис во врската.

Ако мажот мисли дека тој знае што е најдобро за вас, оставете го и покажете му дека знаете подобро. Не советувам дека треба да ги игнорирате советите и сугестиите кои вашиот сакан ги упатува со цел да ви помогне да се подобрите.

Напротив, сакам да ве научам како да имате свое ЈАС и како да стоите зад своите ставови и размислувања. Ако не го направите тоа, постојано ќе бидете деградирани од страна на вашиот сакан, па дури и кога се работи за секојдневни ситници.

Ако партнерот е тој што сака да одлучува за се во врската и не ви дава да го искажете своето мислење, своите желби и ги потиснува вашите потреби, тогаш тој човек не е за вас, односно не е добар материјал за градење на долга врска или брак.

Знам дека терминот “материјал” не звучи убаво, но ако ме читате подолго време, ќе знаете дека не е напишан така како што звучи во вашата глава. Кога ќе кажам добар “материјал”, мислам на квалитети кои треба да ги поседува за да остане со вас.

Ако тој навистина ве сака и почитува, ќе чувствува потреба да се консултира со вас околу одлуките во врската. Во спротивно, ќе го занемарува вашето мислење и ќе ве турка на страна, затоа што е убеден дека е попаметен и подобар од вас. Таквиот маж може да се претвори во опсесивен манијак, односно да го покаже своето вистинско лице и желба за контрола и манипулација кога најмалку очекувате.

Ова го кажувам од искуство. Затоа, доколку чувствувате, односно забележувате дека партнерот не ве почитува и не го вреднува вашето мислење, односно ве деградира од различни аспекти, оставете го и напуштете ја токсичната врска.

Способноста за компромис е задолжителен квалитет кој еден маж треба да го поседува, ако сакате да изградите успешна врска со него. Во спротивно, ќе бидете несреќни и постојано ќе се чувствувате обезвредено.

Поврзани статии

Pin It on Pinterest

Share This