Што навистина содржи месото кое го јадете и како истото влијае врз вашето здравје?

Месото е богат извор на протеини, но сиромашен извор на витамини и минерали.

Последните истражувања покажаа дека месото, и покрај тоа што е извор на протеини, исто така е извор на различни болести. Доколку отсекогаш сте се прашувале што навистина содржи месото кое го јадете и како тоа влијае врз вашето здравје, продолжете со читање.

Месото предизвикува рак и срцеви заболувања

Последно истражување извршено врз 50,000 луѓе од различен пол и слична возраст кои не консумирале месо, покажа дека оваа група на луѓе има помала шанса да заболи од рак и кардиоваскуларни заболувања, што не е случај со слична група на луѓе кои јаделе месо.

Ризокот за срцеви заболувања и рак е поголем кај втората група, додека пак ризикот за рак помеѓу вегетаријанците и веганите изнесувал 0% односно немало никаков ризик од никакво заболување.

Дали месото предизвикува рак? Дали е тоа научно докажано?

Една од причините зошто луѓето кои јадат месо се повеќе склони кон развивање на рак е следната. Неколку дена после убивањето на животното, месото добива сиво-зеленкаста нездрава боја. Со други зборови се расипува.

За да го спречи расипувањето, месната индустрија користи различни супстанци, како што се нитрати и други конзерванси, давајќи му природен изглед на месото кое после таквиот процес добива црвена боја. Истражување направено пред неколку години демонстрираше како конзервансите кои месната индустрија ги користи за презервација на месото, влијаат врз здравјето, односно предизвикуваат рак.

Освен конзерванси, за правење на поголем профит, месната индустрија ги клука животните со антибиотици, протеини за растење, стимуланти на апетит и други хемиски состојки кои се канцерогени. Сепак, никој не обрнува внимание на тоа, а сите се чудат зошто ракот зема голем замав во светот.

Луѓе, сами сте си виновни, зошто денес сите имаме интернет, а никој не се интересира да направи самостојно истражување и да провери што внесува во својата исхрана.

Дозволувате ланецот на брза исхрана и месната индустрија да прават профит на вашето незнаење, а откако ќе се разболите, медицинската и фармацевтската индустрија се на ред да ви го празнат џебот, лечејќи болест за која веќе имаат природен лек, но не смеат да го објават, поради егзистенцијата на овие индустрии и билионите кои се вртат околу нив.

Вегетаријанците и веганите не сакаат да се наметнат како што мислат сите, туку сакаат да ве предупредат и “разбудат” од сонот во кој сите “живеете”.

Месото е главен предизвикувач на срцеви болести

После одреден период на консумирање на месо, мастите кои се наоѓаат во месото, како на пример, холестеролот започнуваат да ги запушува крвните садови.

Како што дијаметарот на садовите прогресивно се намалува, така крвниот притисок се зголемува и може да резултитира со срцев удар и го прави срцето подложно на кардиоваскуларни болести.

Мојата баба беше љубител на месото, посебно сланината. Секоја година купуваше прасе за јадење, се додека беше жива. Имаше висок притисок и пиеше апчиња за истиот, мислејќи дека тоа е само нарушување околу кое не може ништо да направи.

Не внимаваше на исхраната и стресот воопшто. Јадеше месо и кажуваше дека порадо би умрела најадена, отколку да внимава на јадењето. Глупаво размислување. Еден ден, доживеа мозочен удар.

Го преброди, но за кратко време, доживеа уште еден. И после одреден период, почина. Високиот крвен притисок, стресот и нездравиот начин на исхрана си го направија своето.

И благодарение на неа, сфатив дека не можеш да му помогнеш на човек, кој не сака да си помогне самиот. Сами треба да носите правилни одлуки во животот, без разлика дали се работи за исхрана, работа, љубовни врски, пријателство, и така натаму.

Ако вие не внимавате на себеси, никој нема да го направи тоа за вас. Не дозволувајте незнаењето и навиките на толпата да ве убијат.

Месото предизвикува предвремено стареење на гастроинтестиналниот тракт

За разлика од растенијата, кои имаат крута мембрана и едноставен циркулаторски систем, животинските клетки во месото умираат веднаш по престанувањето на циркулацијата.

Откако животното ќе умре, протеините се коагулираат и ендокрините ензими се секретираат. Месото, рибата и јајцата имаат една заедничка карактеристика, а тоа е гниење. Брзо се распаѓаат доколку не се клукаат со хемија и гнијат.

Поради тоа, месото мора да се консумира обично во рок од една недела до две после убивање на животното. Нагласувам дека бројот на бактерии во месото се зголемува веднаш после убивањето на животното, според резултатите од научните истражувања.

А кога научниците го тврдат ова, зошто упорно одите со главата во ѕид и си го уништувате здравјето? Месото се вари споро, но се распаѓа лесно и создава токсична средина во дебелото црево.

Ова резултира со предвремено стареење на гастроинтестиналниот тракт.

Тело градено врз болка и смрт, не може да зрачи со живот

Човечкото тело е составено од ЖИВИ клетки. А енергијата која циркулира во телото зависи од храната која ја јадеме.

Ако клетките во телото се развиваат под неприродни и нездрави услови, како на пример, со помош на месо од мртви животни кое има тенденција да гние, нашето тело ќе има недостаток на позитивна енергија и живост, кои се потребни за правилно функционирање на умот и самото тело.

Искрен совет до сите кои го читаат текстот, а се хранат нездраво е да размислат или да направат самостојно истражување и да се уверат во веродостојноста на информациите кои ги приложив во текстот.

Ако сакате здраво тело и здрав дух, престанете со консумирање на месо и производи од животинско потекло. Природата се погрижила да имате здрава храна која расте од нејзината земја, вашата мајка.

А нели мајката секогаш знае што е најдобро за нејзините деца?

Поврзани статии

Pin It on Pinterest

Share This