Покажувал интерес кон вас подолго време, но наеднаш престанал?
Не грижете се. Не сте единствени. Сите сме резервирале соба, еднаш или два пати во хотелот за скршени срца. А некои резервирале и повеќе пати.
Што значи, природно е да ви го скрши срцето човек кој чува тајни од вас, односно ви раскинува, после долг период на молчење и одбегнување на разговор за работите кои треба да се променат во врската.
Најчесто тајните кои мажот ги крие од жената се поврзани со неговите најдлабоки чувства, односно како тој се чувствува во ваша близина.
И еден ден, ќе му здодее чувањето на тајните и притисокот кој истите го создаваат во неговото секојдневие со вас, и ќе си замине. Најверојатно, без објаснуање.
Еве кои се тие три тајни причини поради која мажите ги напуштаат жените без објаснување, посебно оние паметните кои доминираат во врската и знаат што сакаат од животот.
Причина 1: Тој се чувствувал неадекватно во врската
Ако сте барале да искажува чувства, нежност или нови секс вештини, постои веројатност дека сте го избркале со вашите постапки.
Кога мажот се чувствува заробен, односно под притисок, заминува. Зошто? Затоа што се чувствува недоволно добар за вас, односно неадекватен. Но, знаете што?
Не е ваша вина што сте се заљубиле во маж без самодоверба кој не знае што навистина сака од животот и себеси, маж кој не може да се справи со едноставните барања од страна на жена, маж кој заминува при првата препрека, односно бега од одговорност.
Таквите мажи мислат дека попаметната жена не им одговара и заминуваат во потрага по нова партнерка која полесно се задоволува, односно нема да го тера да се промени кон подобро или да искажува чувства.
Во неговата глава, вие секогаш ќе бидете предобри за него, односно тој ќе се чувствува понижено од вашиот успех, интелигенција и едноставни барања кои не може да ги исполни.
Причина 2: Врската се претворила во натпревар
Ако маж почувствува потреба да се натпреварува со жената за контрола врз врската, не само што ќе се чувствува неадекватно, туку и нема да најде простор за покажување на машкоста во животот на жената.
Ова не значи дека треба целата контрола врз врската да му се препушти на мажот, само за да се чувствува главен, силен и мажествен, туку треба да се постигне компромис и баланс.
Успешната врска се состои од маж и жена кои двајцата имаат контрола врз различни аспекти од заедничкиот живот. Ако не се постигне ваков баланс, врската се претвора во натпревар, а потоа во пепел.
И на крајот, мажот ќе ја напушти паметната жена која не дозволува да е контролирана бидејќи се чувствува победен, доколку ви дозволи вие да имате поголем удел во контролирањето на врската, односно заедничкото одлучување за работи кои се од голема важност за двајцата, како и за иднината на врската.
Ако мажот почувствува дека сите гледаат на вас како на доминантна жена, која не му дозволува да направи самостојна одлука, тој ќе замине, бидејќи неговата гордост е повредена. Плашејќи се дека ќе изгуби во “играта”, тој се откажува предвреме. И нормално, остава попаметниот да победи.
Причина 3: Не се чувствувал почитуван од ваша страна
Ако мажот воочи дека не го почитувате колку што заслужува, тој ќе замине, односно нема да се обиде да изгради заеднички живот со вас.
Мажите сакаат кога се почитувани од нивната понежна половина, посебно доколку знаат дека жената покрај нив е попаметна од нив, бидејќи само така ќе се чувствуваат доволно добри за да останат покрај нив.
Во спротивно, нивното его е повредено. Ако жената не му дава дознаење на мажот дека тој е на нејзино ниво, и дека таа го почитува него, како и неговите цели, замисли, кариера и достигнувања, тој ќе замине.
За да задржите маж кој е помалку интелигентен од вас, треба да го почитувате и постојано да му давате дознаење дека за опстанокот на една врска, животните достигнувања не се најважни, туку љубовта и почитта.