5 Работи за кои си заборавила да и се заблагодариш на најдобрата другарка

Обземени од секојдневните проблеми, често забораваме да обрнеме внимание на луѓето кои се секогаш тука за нас, нашите пријатели. И не само што не им посветуваме доволно внимание, туку и забораваме да им се заблагодариме за се што направиле и се уште прават за нас, покрај тоа што не сакаат безрезервно. Кога подобро ќе размислам, пријателите ги земаме здраво за готово, бидејќи мислиме дека ќе бидат тука засекогаш.

Но, кога ќе ги изгубиме, сфаќаме дека требало да им дадеме дознаење дека ни значеле повеќе отколку што сме покажувале. Доколку и вие ги запоставувате вашите пријатели и го земате нивното присуство и љубов здраво за готово, одвреме навреме или цело време, денес е денот кога ќе им кажете “благодарам” за следните работи кои не сте ги вреднувале досега. Или сте ги воочиле, но ви било срам да се заблагодарите за истите.

Ти благодарам што си моето рамо за плачење

Ти благодарам што плачеш заедно со мене. Ти благодарам што одвојуваш време за да ме утешиш после раскинување или откачување. Ти благодарам што ми ја разбираш тишината и знаеш што чувствувам без да ти кажам. Ти благодарам што ми го читаш погледот и знаеш да ме насмевнеш и кога е најтешко. Ти благодарам што си моето рамо за плачење и што ги слушаш старите проблеми одново и одново, без да ми кажеш да замолчам. Ти благодарам што ме тешиш дека ќе биде подобро, па дури и кога двете знаеме дека пред да стане подобро, ќе биде уште полошо. Ти благодарам што ме поднесуваш во моето најлошо издание. Така знам, дека ти си личноста која навистина ме заслужува и кога сум најдобра.

Ти благодарам што ми ја кажуваш грдата вистина, наместо да ме тешиш со лаги

Ти благодарам што ми кажуваш дека фармерките или панталоните не ми стојат убаво, наместо да ми делиш комплименти како продавачка во бутик. Ти благодарам што ми кажуваш дека треба да вежбам повеќе и да се хранам поздраво, бидејќи така ми покажуваш дека се грижиш за мене. Ти благодарам што ме критикуваш, бидејќи така ме мотивираш да станам подобра во она што го правам или како изгледам. Ти благодарам што секогаш одбираш да ми ја кажеш грдата вистина, наместо да ме тешиш со лаги. Ти благодарам и што споделуваш искрено мислење за момчињата кои ми се допаѓаат. Ти благодарам што мислиш дека никој од нив не е доволно добар за мене, па дури и кога знаеш дека некој е подобар од мене. Ти благодарам што споделуваш секс совети, со цел да ми помогнеш да го подобрам сексуалниот живот. Ти благодарам за искрените совети кои ми помогнале да станам подобра личност. Ти благодарам што ме правиш подобра и го вадиш најдоброто од мене.

Ти благодарам што ги мразиш луѓето кои ги мразам јас, иако не ги познаваш

Ти благодарам што би започнала конфликт со луѓе кои ме озборуваат пред тебе. Ти благодарам што секогаш ми го чуваш грбот, наместо да ме тапкаш по него, барајќи место каде да закачиш нож. Ти благодарам што ги лечиш раните од претходните ножеви, добиени од лажни другарки. Ти благодарам што не си една од нив. Ти благодарам што автоматски развиваш омраза кон луѓето кои ги мразам јас, иако не ги познаваш, колку и глупаво да звучи тоа. Ти благодарам што би ја ставила и раката во оган за мене. И сакам да знаеш дека, и јас би го сторила истото за тебе. Па дури и многу повеќе, затоа што те сакам како сестра, иако не сме крвно поврзани.

Ти благодарам што ме поддржуваш пред другите, а ме прекоруваш кога сме сами

Ти благодарам што никогаш не ги истакнуваш моите маани и недостатоци пред другите пријатели и непријатели. Ти благодарам што ја почитуваш мојата приватност, но покажуваш интерес да ме запознаеш повеќе и повеќе секој ден, затоа што ме сакаш. Ти благодарам што разбираш дека сум ранлива и чувствителна, и ми треба време за да ти се предадам целосно и да ти верувам безрезервно. Ти благодарам што си трпелива кога сум неподнослива. Ти благодарам што не ме озборуваш, туку ги споделуваш озборувањата за мене, со мене. Ти благодарам што ме поддржуваш пред другите, а знаеш да ме прекориш кога грешам, но насамо, затоа што ме сакаш и не сакаш да ме посрамотиш јавно. Ти благодарам што им кажуваш дека сум во право, дури и кога грешам, но ми даваш шанса да се поправам.

Ти благодарам што постоиш

Никогаш не сум ти заблагодарила што постоиш. Затоа ќе го направам тоа денес. Не сакам да те изгубам поради немарност и неискажани зборови. ТИ БЛАГОДАРАМ ШТО ПОСТОИШ. Иако не ти кажувам често, знај дека те сакам. Ти благодарам за сите моменти поминати заедно. Ти благодарам за сите лудории. Ти благодарам што наместо да ме спречиш да правам глупости, ги правиш заедно со мене, а потоа заедно се смееме или плачиме на последиците. Ти благодарам што си мојата најдобра пријателка. И посакувам така да остане засекогаш, да остариме заедно. И како што старееме, да бидеме уште полуди и поблиски. Те сакам.

Поврзани статии

Pin It on Pinterest

Share This