Отсекогаш сум била магнет за изгубени случаеви. Отсекогаш сум влегувала во животот на мажите кога им требало промена, но биле пички за да ја направат сами.
Отсекогаш ме привлекувале несреќни мажи во врска/брак кои сакале да раскинат со своите партнерки.
Имав прилика да бидам во врска со мажи кои веќе биле во врска и сакам да ви кажам дека ваквите врски се без врска затоа што кога тогаш, мажот ќе ве остави, а доколку започне сериозна врска со вас, шансите да ве изневерува на истиот начин се прилично големи.
Мажите кои ги изневеруваат своите девојки и сопруги иако не ги сакаат, сепак не ги оставаат истите од причини кои ќе ги продискутирам подетално во нареден текст.
Засега ќе ви ги откријам 6те најчести реченици кои ги слушав од нив.
И ќе ве посоветувам, доколку моментално спиете со ваков маж, да не верувате на ниту една од овие реченици, затоа што доколку вашата ‘врска’ се искомплицира, на крајот тој ќе се врати кај партнерката од непознати причини дури и за него, а вие ќе останете сами и збунети.
1. Не ја сакам мојата девојка/жена повеќе
Вистината која се крие позади оваа реченица е дека вашиот принц преживува монотон период во врската и започнува да се сомнева во својата љубов кон неговата партнерка.
Откако ќе се убедува подолго време дека не ја сака, ќе сака да ја провери состојбата на неговите чувства со изневерување. Не сфаќа дека во истиот момент кога одлучил да ја изневери со вас, си докажал себеси дека не ја сака повеќе.
Сепак, останува со неа, а спие со вас, не затоа што е збунет, туку затоа што сака да игра на сигурно. Длабоко во себе знае дека не ја сака повеќе, но не ја раскинува врската бидејќи е навикнат на неа.
Исто така стравува дека можеби врската со вас е грешка и нема да се прерасне во нешто посериозно.
2. Се заљубив во тебе
Тој мисли дека е заљубен во вас, но вистината е дека заљубеноста ја помешал со потребата за адреналин и промена.
Сепак, постои шанса и навистина да се заљубил, но доколку се уште е со неа, а само спие со вас, тоа значи дека можеби навистина му се допаѓате, но не доволно за да ја остави својата девојка за вас.
3. Ти си најубавата и најпаметната девојка што ја имам запознаено
Се однесува со вас коректно и ви посветува време и внимание колку што му дозволува врската.
Ви кажува дека никогаш не се чувствувал како што се чувствува со вас досега и дека вие сте најубавата и најпаметната што ја има запознаено, а се уште е во прегратките на неговата девојка.
Зошто? Затоа што иако вие сте најубавата и најпаметната девојка што ја запознал, сепак не сте ТАА која ќе успее да ја замени неговата партнерка, а тој го знае тоа.
4. Наскоро ќе ја оставам, дај ми време
Ова е една од најчестите реченици кои ги слушаме од мажи кои се во врска или брак, а спијат со други.
На почетокот ќе те убедува дека еден ден, во блиска иднина ќе ја остави, но тој ден нема да дојде никогаш.
Ќе ви бара време за на крај да сфатите дека залудно сте трошече времето, чекајќи нешто што нема да се случи. Пичка еднаш, пичка засекогаш.
5. Сексот со тебе е неверојатен, за разлика од сексот со мојата девојка/жена
Кога спиеш со маж кој е во врска или брак, не очекувај тој да се откаже од сексуалниот живот со неговата партнерка. Можеби сексот со тебе ќе му претставува неверојатно искуство, но тоа не значи дека своите потреби нема да ги задоволува и со неа.
Сексот со тебе е всушност нов начин на кој тој си го зачинува сексуалниот живот со својата партнерка, чувствувајќи се како поголем маж кој спие со две жени, а всушност е слабак кој не знае што сака од животот.
6. Те сакам и сакам да започнам нов живот со тебе
Тоа никогаш нема да се случи затоа што маж кој спие со две жени, и води двоен живот нема визија за иднината.
И кога ќе дојде моментот на одлука кој пат да го избере, секогаш ќе го избере полесниот и познатиот пат – оној кој води кон сигурно пропадната иднина со својата партнерка затоа што е неспособен да креира иднина каква што посакува со вас.