Во животот на секој човек постоел друг човек поради кој сме помислиле дека никогаш нема да го заборавиме истиот, после раскинување. Но, ништо не е вечно, нели? Истото важи и за тагувањето по бившите партнери кои на крај сите стануваат дел од нашето минато.
Дали вашиот бивши партнер е далечно минато за вас или се уште не сте го преболеле, откријте преку овие 6 знаци кои ќе потврдат дека навистина сте го заборавиле.
1. Сте ги заборавиле “важните” датуми
Годишнината која сте ја прославувале секогаш заедно, сега е далечен спомен за вас, исто како и денот кога сте се запознале, денот кога сте го имале првиот секс, роденден и слично.
Сите овие важни датуми за вас станале незначајни на кои не обрнувате повеќе внимание.
2. Подароците не ви ги насолзуваат очите
Можеби и веќе сте ги фрлиле во корпата за отпадоци, а доколку го немате направено тоа, случајна средба со нив низ вашата соба, повеќе не ви предизвикува носталгија и солзи во очите.
3. Спомените уште помалку
Слично на подароците, спомените веќе не ве прават тажни, на нив гледате како на нешто кое било и поминало, но нема да се врати повеќе.
4. Се радувате што се случило, не тагувате што поминало
За разлика од периодот кога сте раскинале, наместо да тагувате што поминало, вие сега се радувате што воопшто се случило.
5. Во потрага сте по нова љубов
Или веќе сте ја нашле, што е навистина добар знак на успешно преболување, се додека истото не го правите од љубомора или осаменост.
5. Се сакате себеси повеќе од претходно
За разлика од периодот во кој сте го сакале партнерот повеќе од себеси, дури и после раскинување, сега сте свесни дека личноста која треба да ја сакате повеќе од вчера е таа во огледало.
Се сакате себеси повеќе од претходно и не дозволувате далечното минато да ви го расипува моментот во кој живеете, а богами ниту да влијае врз иднината која ве очекува.