7 Знаци кои покажуваат дека ќе умреш НЕСРЕЌЕН и НЕЗАДОВОЛЕН

Ми здодеа да гледам намуртени и несреќни луѓе. Ми здодеа да ги слушам како се жалат. Ми здодеаа и нивните изговори и оправдувања. Ми здодеа нивното верување во некоја непостоечка судбина и непостоечки Бог или ‘пишаното’. Ми здодеа да ве гледам како оставате се во раце на ‘судбината’ и како се тешите дека така ви било ‘пишано’.

Не постои судбина, не постои пишано и не постои Бог. Време е да го прифатите тоа и да сфатите дека верувате во истото, само затоа што сте слаби и неспособни да ги превземете работите во свои раце. И самите длабоко во себе знаете дека не ви било така ‘пишано’, туку сте неписмени за сами да си напишете.

И самите длабоко во себе знаете дека наводниот Бог не сакал така да се случи, туку вие сами сте одлучиле така да се случи. И самите длабоко во себе знаете дека не постои судбина, туку дека судбината е изговор кој го користат луѓе без храброст да ја превземат одговорноста за сопствениот живот во свои раце и да дејствуваат според инстинктите.

Но, никогаш не е доцна за да ги фатиш уздите на животот во раце и да го насочиш кон насоката која отсекогаш си ја посакувал, пред да умреш несреќен и незадоволен.

Работите кои ги набројав се само неколку замислени фактори кои дозволувате да влијаат врз вашиот живот без посебна потреба. Продолжете со читање и откријте ги останатите 7 најважни, а всушност неважни работи кои влијат врз вашата среќа и кои треба уште денес да ги елиминирате, пред животот да ве елиминира вас.

  1. Озборување

Озборувањето е непотребно трошење на зборови, време и енергија. Некој некогаш рекол дека големите луѓе зборуваат за големи работи, додека пак малите луѓе зборуваат за други луѓе. Не бидете мали луѓе. Фокусирајте се на сопствениот живот и оставете ги другите да живеат како што сакаат. Немате право да озборувате нечии постапки, грешки и активности, ниту пак размислувања. Но, имате право да ги кажувате и анализирате сопствените постапки, активности и размислувања, и да започнете со поправање на грешките. Кога ќе се фокусирате на себе и ќе започнете да го подобрувате својот живот, и погледот кон светот ќе ви се избистри, ќе сфатите дека времето не е за губење. Озоборувањето ќе се претвори во бесполезна активност за вас, а луѓето кои озборуваат, ќе ги гледате како некои глупаци кои залудно си го трошат времето за луѓе кои најверојатно не ни помислуваат на нив.

  1. Исполнување на желбите и потребите на другите, а изоставување на вашите

Ова е една од најголемите причини за несреќата на луѓето. Помагањето на другите да ги исполнат своите цели и да ги задоволат потребите е благородна работа, но доколку го правите тоа постојано, без да се погрижите за своите соништа и потреби, вие ќе бидете несреќни и ќе се чувствувате неисполнети и незадоволни. Постојат и луѓе кои не само што не ги исполнуваат своите соништа и не ги задоволуваат своите потреби, туку ги исполнуваат соништата кои нивните пријатели, родители или роднини ги имаат замислено за нив. На пример, доколку едно момче поседува уметнички способности, а неговите родители го притискаат или грубо кажано, го присилуваат да учи медицина, хемија, математика или нешто друго, што е целосно различно од тоа што сака да го учи, детето ќе се развие во несреќна и незадоволна личност.

Ваквите личности не можат да водат исполнет живот затоа што уште од мали биле притискани да живеат како што не сакаат и да прават работи кои не ги сакаат. Зарем некој би издржал таков притисок долго време? Секако дека не. И токму поради ова, кога ќе пораснат, овие деца се самоубиваат или во најдобар случај се оддалечуваат од семејство и одлучуваат да започнат нов живот без нив во него.

Други пак одлучуваат да се преправаат дека се е во ред пред своите родители, додека позади нивниот грб ги пцујат што не им дозволиле да живеат како што сакаат. Во секој случај, родителите губат со тоа што им го одземаат правото на децата да одлучува за себе. Доколку и вие преживувате ситуација слична на оваа и мислите дека единствен излез е самоубиство, сакам да знаете дека не сте во право. Секогаш има излез, а еден од нив е новиот почеток. Не секој има храброст да се соочи со животот кој не го сака и да одлучи да започне од нула. Самоубиството можеби е еден вид на излез, но зошто да заминете од овој свет несреќни и незадоволни, кога може да заминете среќни и исполнети?

Се што треба да направите е да кажете ‘СТОП’ на се што ве прави несреќни, да се оддалечите од луѓето кои влијаат токсично врз вас и ве прават да се чувствувате заробено и да го слушнете срцето. Тоа го знае одговорот на сите ваши прашања. И само тоа ќе ве изведе на вистинскиот пат, вашиот пат.

Што се однесува до родителите и сите останати кои притискаат други да се водат според нивни правила и да исполнуваат нивни соништа, слушнете ме: вашите деца или пријатели или роднини или било што и да ви се луѓето кои ги омаловажувате, не се ваш инструмент за исполнување на вашите соништа.

Ако вие сте немале услови или не сте биле доволно храбри или истрајни во остварувањето на соништата, не истурајте го тоа врз другите. Сите имаме свои соништа кои сакаме да ги оствариме. И никој не е должен да ги остварува соништата на некој друг. Запомнете го тоа. Во спротивно, не добивате ништо освен продолжување на лозата на несреќни и незадоволни луѓе кои умираат уште пред да умрат, токму поради луѓе како вас.

  1. Зависност од луѓето, нивните емоции, мислења, зборови, претпоставки

Независноста е еден од патиштата кои водат кон среќа и задоволство. Да не зависиш од никој на никаков начин во свет во кој сите зависат едни од други е прекрасно. Факт е дека си роден сам, а сам и ќе си умреш. Интеракцијата која ја имаш со луѓето во животот е неминовна, но не мора да биде траги-комична.

Кога ти треба помош, прво потпри се на себеси, а во краен случај на луѓето. Кога ти треба совет, прво прашај го срцето, а во краен случај луѓето. Кога ти треба љубов, прво научи како да се сакаш себеси, а потоа како да ги сакаш и другите. Научи ги и нив како да се сакаат себеси пред да те сакаат тебе, затоа што луѓе кои не се сакаат и почитуваат себеси, живеат во илузија дека сакаат и почитуваат некој. Тие не почитуваат и не сакаат никој, затоа што не можеш да дадеш нешто што не го носиш во себе. Токму и заради ова луѓето се несреќни и незадоволни.

Кога еднаш ќе сфатиш дека најважниот човек во твојот живот си ти и кога ќе се сакаш себеси доволно, ќе сфатиш и дека не зависиш од нечии емоции, мислења, зборови, претпоставки, совети. Ти зависиш само од себеси. Останатото е привремено и варијабилно. Се тече, се се менува. Затоа не дозволувај емоциите на другите луѓе кои се појавиле или исчезнале да влијаат врз твојата среќа. Никој не мора да те сака. Доволно е да се сакаш самиот себе и другите, а дали некој ќе ти возврати – тоа е негово и САМО негово право.

  1. Продолжување на токсичките врски

Продолжување на врска без иднина, врска во која расправиите се секојдневие или врска во која сте жртва на псих0-физичко омаловажување од страна на партнер, пријател, родител или роднина не води кон ништо добро и продуктивно. Напротив, води кон несреќа и незадоволство. Научете како да ги пуштате луѓето кои ги сакате, а не се добри за вас. Научете како да го пуштате тоа што сака да си замине и тоа што сака да влезе во вашиот живот. На тој начин ќе се ослободите од токсичните врски и ќе направите место за оние вистинските кои водат кон среќа и се одликуваат со независност.

  1. Недоволна доверба во себеси и вашите способности

Ако човек не верува во себеси и своите способности, не може да биде среќен, а ниту пак задоволен, затоа што да веруваш во себеси значи да сонуваш на големо. Среќните личности знаат дека ништо не е невозможно. Знаат и дека тоа што сакаат да го остварат, ќе го сторат само доколку веруваат во себе и се трудат со цело свое битие да ја оправдаат својата наместо довербата на другите. Знаат дека губитник не е тој што изгубил една битка, туку тој што се откажал од војната. Доколку сметате дека вашите способности не се на завидно ниво и дека ви треба подобрување за да го остварите тоа што го сакате, тогаш време е да започнете со учење, вежбање и усовршување на истите. Никогаш не е доцна. Не престанувајте да верувате во себе, ниту пак во своите соништа затоа што човек без соништа е само уште еден жив мртовец.

  1. Осудување и следење на правила

Сите стапуваат во брак – стапувате и вие. Сите имаат деца – имате и вие. Сите јадат убиени животни –  ги јадете и вие. Сите веруваат во Господ – верувате и вие. Сите водат нездрав живот затоа што не си го сакаат животот доволно – истото го правите и вие, а потоа сите заедно се жалите на болести. Сите учат медицина – сакате и вие, запоставувајќи го вашиот вистински талент само за да делувате попаметно во очите на другите. Сите ги прават истите работи – ги правите и вие, не затоа што навистина од срце сакате да ги правите, туку не сакате да се издвојувате од толпата овци и се плашите да се претворите во осамен волк.

Сето ова ве прави несреќни. И доколку продолжите да ги следите измислените правила на општеството, постапките и чекорите на другите околу вас – ќе си умрете несреќни. Нели гледаме каде водат правилата и постапките на општеството? Или пак ви се допаѓа светот во кој живееме? Вие се допаѓаат ли убиствата, силувањата, злоупотребата на животните и скратувањето на нивното право на живеење? Ви се допаѓа ли уништувањето на природата и климатските промени кои наскоро ќе го лапнат светот? Видов колку и што луѓето можат да направат со своите измислени правила и вредности. Сега сакам да видам што можеш ТИ доколку престанеш да ги следиш овците и да блееш како нив. Едно е неминовно, доколку одлучиш да се одвоиш од нив – ќе бидеш посреќен и позадоволен, затоа што ќе размислуваш со своја глава. И тогаш ќе сфатиш колку невредни се нивните вредности, колку неправилни се нивните правила и колку лажни се нивните вистински животи.

  1. Недоволна физичка активност и негативни мисли

Негативните мисли ќе ви донесат негативен живот, а недоволната физичка активност и нездравата исхрана – тело кое ќе ве прави да се чувствувате уште понесреќно. Верувам дека луѓето со исклучок на оние кои имаат некаква болест која предизвикува прекоумерена тежина, можат да имаат тело какво што отсекогаш посакувале. Но, само доколку одлучат да си ги променат навиките.

Секогаш кога се чувствувате незадоволни од своето тело, сетете се дека неговиот изглед е ваш и САМО ваш избор. Престанете со самосожалување, изговори и негативни мисли и започнете со работа на себеси. Во здраво тело, здрав дух, а во здрав дух, исполнетост. Не физичка ами психичка. Доколку одлучите да направите промена на навиките кои се однесуваат на вашата исхрана и физичка активност, не само што ќе изгубите килограми, туку ќе спречите и можни болести.

Поврзани статии

Pin It on Pinterest

Share This