Ако не ги контролираш емоциите, тие ќе те контролираат тебе

Колку пати во животот ви се има случено да заплачете, а наместо тоа сте сакале да покажете сила и издржливост? Колку пати сте сакале да заминете, но вашите емоции ве натерале да простите и да се вратите назад, онаму каде што не сакате да останете повеќе ниту секунда?

Колку пати сте ја прегазиле сопствената гордост само за да нараните нечие его?

Доколку на овие три прашања вашиот одговор е доволно или многу пати, време е тоа доволно да се претвори во доволно БЕШЕ и многу пати кои ќе се сведат на НУЛА пати во иднина.

Зошто дозволувате емоциите да ве конторлираат? Зошто дозволувате да се приврзувате за луѓето, ситуациите и минатото и со тоа да допридонесувате до мешање на сопствените мисли?

Запомнете го ова денес, ќе го напишам со големи букви за да ви биде полесно – СЕКОЈА ЕМОЦИЈА КОЈА ЈА ЧУВСТВУВАТЕ, САМИ ЈА СОЗДАВАТЕ ВО МОЗОКОТ.

Ова има добра и лоша страна. Добрата е тоа што вие сте креаторот на вашите емоции и истите можете како нивни создател да ги уништите, а лошата е тоа што доколку не ги конторлирате, тие можат да ве уништат вас.

Емоциите не се ништо повеќе од производ на вашиот ум и недостаток на некоја друга емоција која исто така сте ја создале во умот, мислејќи дека ви треба нешто, а всушност не ви треба ништо.

Дали се имате себеси? Дали се чувствувате доволно способни да го разберете текстов? Доколку е така, вие имате СЕ и не ви треба НИКОЈ и НИШТО.

Од денес, нема да дозволите ниту една емоција да преовладува со вашите мисли и да ги контролира вашите постапки и дела.

Секојдневно слушам на вестите дека се убиваат поради неверства, невозвратена љубов, депресија и така натаму. Не велам дека и јас некогаш не размислував како тие ограничени луѓе.

Размислував и постапував како нив, но не повеќе, бидејќи сфатив дека НИКОЈ НЕ ЗАВИСИ ОД НИКОЈ НА ОВОЈ СВЕТ. Никој не е обврзан да те сака и да ти е наклонет, ниту пак ти некому мораш да му пружиш љубов и наклонетост.

Сфатив дека секој е свој господар и никој нема право да нарушува мир во нечие кралство. Како прво, бидејќи не го ни создал тоа кралство, а како второ не владее таму и нема право да влезе без дозвола. Ако го стори тоа, има само право да биде исфрлен надвор.

Емоциите исто така се создаваат под дејство на навреди или лоши спомени, како и од непријатни случки кои не можете да ги заборавите. Таквите емоции ја предизвикуваат таканаречената депресија, која исто така не постои – таа е состојба на умот која имате моќ да ја промените, доволно е да посакате.

Не велам дека е лесно да се претрпат навреди без контра реплика од ваша страна, ниту пак да се заборават лошите спомени и непријатните случки. Но, лесно е да се контролираат емоциите и да се насочат кон нешто убаво и позитивно.

Како на пример, доколку премолчите навреда, вие автоматски станувате ПОГОЛЕМ од тој што ви ја упатил, додека пак лошите сеќавања и случки кои спаѓаат на минатото – завршиле.

Радувајте се што завршиле и трудете се да не ги повторите. На тој начин започнувате да ја превземате контролата врз уздите на вашиот живот.

Нареден чекор ќе ви биде да го јавнете животот и да тргнете во правец кој сами ќе го одредите, само вие и никој друг. И нема да дозволите ниту една емоција да ви влијае врз одлуката дали да тргнете лево или десно.

Најмалку сопствените грешки, кои заборавив да ги напоменам како притаени конторлори на емоциите кои ретко ги забележувате, но дозволувате да ве направат да се чувствувате мизерно.

Секој прави грешки, но не секој е свесен дека тие се веќе минато и единствено може само да се научи на нив, бидејќи од самосожалување, не добивате ништо.

Не е секој свесен дека грешките се алатки со кои го градите вашето искуство, додека пак искуството е она што го поплочува вашиот пат за понатаму, без разлика какво и да е. Доколку е лошо, ќе има камења, дупки, кал и вие ќе се мачите додека чекорите, соочувајќи се со сопствената карма.

Во спротивно, патот ќе биде чист, со по некое камче кое ќе го шуткате по патот, шуткајќи ја секоја ваша грешка на страна, од време на време, наведнувајќи ја главата надолу.

Но, еј! На крајот секој стигнува до својата цел, секако ако не се откаже и не папса на асвалтот. Без разлика на се, доколку продолжиш да одиш, на крајот пред очи ќе ти се појави ливада со големи дрвја кои имаат широки крошни под кои ќе можеш да одмориш.

Да се навратиме на темата, контролата е интересна работа. И секој човек може да ја држи во раце, но не секој може правилно да управува со неа. Биди ти исклучокот кој нема да ја користиш за да се уништиш себеси, туку ќе ја искористиш за да го јавнеш животот, галопирајќи на патот кон ветената ливада. Твојата ливада во која ќе најдеш мир, само доколку научиш како да си ги конторлираш емоциите.

Поврзани статии

Pin It on Pinterest

Share This