Многу девојки прават грешки во односот со добрите момчиња кои се обидуваат да ги направат среќни, ставајќи ја маската на ладнокрвност. Но, момците не знаат дека под таа маска се крие страв кој е редно девојките еднаш да го убијат во себе, доколку сакаат да задржат некој покрај себе.
Помалку познато е дека секоја жена се однесува на овој начин кога мисли и чувствува дека го пронашла нејзиниот идеален партнер, оној принц на бел коњ кој сите девојки го чекаат.
Па девојки, доколку и вие сте го пронашле принцот на бел коњ, задржете го со љубов. Не бидете кобили и не гледајте само право, бидејќи тој ќе почне да ве зема здраво за готово, наскоро.
1. Не глумете недостижни
Кога веќе еднаш сте дозволиле тој да ве има, зошто се уште глумите недостижни?
Во ред е понекогаш да не бидете достапни за него во секоја смисла за да го задржите заинтересиран, но доколку тоа го правите постојано, верувајте дека ќе замине.
2. Изразувајте чувства
Го сакате, а не му кажувате? Сакате да го видите, а не го барате први? Сакате секс, но чекате тој да го направи првиот чекор? Нешто ви пречи, но наместо тоа кажувате дека се е во ред?
Зборувајте, но и изразувајте чувства, бидејќи вашиот принц не е видовитата Баба Ванѓа.
3. Покажете му дека се грижите за него
Кога е болен, посетете го и подгответе му супа, прашајте го како си го поминал денот, па и вечерта кога бил излезен со другарите, бидејќи сигурно страшно ве интересира секој детал.
Телефонот не служи за натпревар кој ќе се јави прв, туку за КОМУНИКАЦИЈА.
Кога не знаете каде е, јавете му се, затоа постои телефонот, за да одржите комуникација со некого кога не знаете каде е и се грижите за него.
И не заборавајте, сето ова покажувајте го, наместо да го правите потајно, бидејќи кога некој знае дека вие се грижите за него, се чувствува сакано.
4. Изгледајте како принцеза
Штом сте го фатиле за јадицата, веќе нема потреба да изгледате ‘скоцкано’ си викате, но грешите.
Ова не значи дека секогаш треба да сте нашминкани и дотерани но одржувањето на телото, косата и се останато на кое сте припазувале додека стапите во врска со него, не запоставувајте го, првично за себе, а потоа и за вашиот партнер. Ако не сакате себеси, не очекувајте друг да ве сака.
5. Јавнете го
Не зборуваме за коњот, јавнете го вашиот принц, секако доколку сака и тој. Не срамете се да кажете дека сакате секс, бидејќи повеќето мажи се возбудуваат од директниот пристап, и доколку вашиот партнер не е исклучок, ова ќе ја разгори искрата помеѓу вас.