Познатиот руски писател Фјодор Достоевски кој се смета за основач на егзестенцијализмот, се обидел да ги поучи луѓето како да ги распознаваат другите луѓе.
Тој раскажува дека тоа можат да го направат според насмевката, а како ќе ви открие преку следнава приказна.
„За насмевка, пред се е потребна искреност, а зарем има искреност во луѓето? За насмевка е потребна незлобност, а најчесто луѓето се смеат злобно. Искрена и незлобна насмевка значи веселост, а зарем има кај луѓето во денешно време веселост и дали луѓето знаат да бидат весели? Веселоста на човекот е неговата највпечатлива црта, која го издава најмногу. Потребно е долго време да запознаете нечиј карактер, но штом човек еднаш се насмее искрено, ќе ви го покаже цел свој карактер, на дланка. Само високо возвишен и среќен човек може да биде весел и да ги зарази другите со својата неодоливост и добродушност. Не мислам на неговиот умствен развој, туку на неговиот карактер, на целината на човекот. На тој начин, ако сакате да го прозрете човекот и да ја запознаете неговата душа, не посматрајте го додека молчи, зборува, плаче или се возбудува од луди идеи, туку посматрајте го додека се смее. Ако добро се смее, тогаш е добар човек. Јас затоа ви кажувам дека насмевката е најсигурната проверка на душата. Само погледнете ги децата, тие се смеат до совршенство и баш поради тоа се привлечни.”