Да си зборуваш сам со себе на глас е знак на натпросечна интелигенција, вели науката

Зборувањето сам со себе е често интерпретирано како психолошки проблем. Но, најново истражување покажа дека е всушност знак на натпросечна интелигенција. Јас често си зборувам самата со себе.

Понекогаш знам и да си запејам на глас додека одам некаде, сама. И воопшто не ми е гајле што ќе си помислат луѓето кои ме одминуваат.

Доколку и вие го правите истото, ова е вашиот момент, бидејќи според науката, вие сте гениј.

Научниците на Bangor универзитетот во Велика Британија открија дека зборувањето самиот со себе на глас е знак на натпросечна интелигенција. Но, тоа не е се. Знам дека звучам како реклама за Топ Шоп, но тоа навистина не е се.

Наводно, истражувањето покажало дека кога си зборуваме сами со себе, тоа е всушност корисно за нашето ментално здравје.

Учесниците во истражувањето следеле пишани инструкции кои требало да ги прочитаат на глас или во себе.
После одредување на концентрацијата на учесниците и нивниот резултат од задачите кои им биле зададени, научниците заклучиле дека луѓето кои читале на глас, покажале поголема концентрација и подобро ги абсорбирале информациите.

Психолог кој бил дел од истражувањето објаснува дека овие бенефити доаѓаат од зборувањето сам со себе, односно луѓето кои се слушале себеси што кажуваат, биле посконцентрирани и побрзо ги абсорбирале информациите. Тоа покажува дека звучните команди се најверојатно поефикасни од пишаните команди.

Според мене, ова зависи до личноста, затоа што сите сме различни и различно реагираме на различни работи. Но, сепак, убаво се чувствувам при помислата дека луѓето кои имаат тенденција да си зборуваат самите со себе, се всушност попаметни од другите, односно поефикасно и побрзо извршуваат одредени задачи.

Психологот го објаснува зборувањето на глас како екстензија на нашиот внатрешен глас, односно разговорот кој најверојатно секој жив човек го води со себе, но никогаш на глас, како што тоа го прават некои луѓе, како на пример, јас.

Зборувањето самиот со себе на глас, покажало дека овие луѓе се поорганизирани, знаат да си ги контролираат емоциите и сеќавањето, а исто така, прават и подобри планови. Таа навела спортисти, посебно тенисери кои се забележани како си зборуваат со себе на глас, најчесто во стресни моменти.

Со тоа, тие си даваат јасни инструкции кои им помагат да се фокусираат и мотивираат за да постигнат одредена цел. Дури и почитуваниот Никола Тесла бил познат по тоа што си зборувал самиот со себе на глас за време на грмотевици.

Научниците додаваат дека зборувањето со себе на глас е знак на висока когнитивна способност, односно висока интелигенција.

Истражувањето ги крши сите стереотипи поврзани со зборувањето сам со себе на глас, односно покажува дека тоа не е знак на лудило, туку напротив, на висока или натпросечна интелигенција.

Зборувањето самиот со себе на глас ја зголемува моќта на мозокот и ја подобрува неговата работа, а притоа и ви помага подобро да се фокусирате на она што сакате да го постигнете.

Знам дека ова што ќе го кажам ќе биде off topic, но назад во времето, кога учев за испити, паметам дека полесно ги запомнував лекциите кога си ги повторував на глас. И сигурна сум дека повеќето од вас имале слично искуство, односно полесно се фокусираат и учат кога нештото го раскажуваат на глас.

Ова истражување било извршено врз 28 учесници, што е релативно мала бројка, но претходни истражувања со поголем број на учесници покажале ист резултат.

Докажано е дека освен знак на висока интелигенција, зборувањето сам со себе на глас, исто така помага во полесно наоѓање на предмети. Но, тоа истражување ќе го разработам во некој нареден текст.

Поврзани статии

Pin It on Pinterest

Share This