Постојат девојки кои не се задоволуваат со трошки, мило ми е што се запознавме, една од нив сум и јас.
Не се задоволувам со нешто, сакам сè, но не сум алчна за љубов, ќе ми дадеш сè, а јас ќе ти дадам слобода. Би било добро да ми ја дадеш мојата за возврат, во спротивно и покрај тоа сè, ќе те оставам без ништо.
Постојат девојки кои не веруваат во зборови, веруваат во дела, мило ми е што се запознавме, една од тие девојки сум јас.
Не ми раскажувај бајки, направи ми го животот бајка, а јас ќе те направам крал, но никогаш нема да бидам твојата покорна слуга која ќе ти ги исполнува сите желби. Нели ќе бидам кралица покрај тебе? Немој никогаш да ме мешаш со златна рипка, не сум, а нема ниту да станам.
Постојат девојки кои се сакаат себеси повеќе од сè во светот, мило ми е што се запознавме, една од тие девојки сум јас.
Нема да ти дозволам ниту да ме навредиш, камоли пак да кренеш рака на мене, ако го направиш тоа, ќе те натерам да си ја исечеш. Нема да ти дозволам да ме сакаш повеќе отколку што се сакам себеси, туку ќе те сакам тебе повеќе отколку што ти се сакаш самиот. Така е фер, нели?
Она што го очекувам од тебе е да не ми даваш трошки, да ме сакаш без да ми кажуваш, не слушам зборови, гледам дела, чувствувам наклонетост, отфрлам заробеност.
Дај ми сомун љубов, дела со кои ќе те величам, биди ми наклонет, ќе ти бидам наклонета, зароби ме, ќе се ослободам и ќе те заробам во каење.
Сакај ме колку што се сакаш себеси, бидејќи јас ќе те сакам колку што се сакаш самиот, а ти ќе ме сакаш колку што се сакам јас, тоа значи премногу.
Така ќе се сакаме дупло. Јас тебе за тебе и за себе, ти мене за мене и за себе, а тоа верувај не е мала работа. Тоа не е ништо, затоа ти барам дупло, бидејќи со мене нема нешто, јас сакам сè.