И не се сеќавам повеќе…

И не се сеќавам повеќе на последниот поглед, само се сеќавам кога почувствував дека е последен. И не се сеќавам повеќе на последниот бакнеж, сигурно бил ужасен, вештачки, самиот знаел дека не е пожелен на тие усни повеќе. Не се сеќавам ниту на последниот допир, прегратка, последниот бакнеж во чело, ништо!

Да не зборувам за последните зборови, дотраени во тој дотраен град кој мириса на спомени, се враќаат назад како брановите кои удираат на кеј, заплискуваат колку да го освежат. И не се сеќавам како некогаш сум те сакала, не се сеќавам на последниот пат кога сум сакала да ти го кажам тоа, дека те сакав. Не се сеќавам не дека беше одамна, туку беше со рок на траење.

Некои љубови имаат рок на траење, а оваа нашата истече, се расипа, почна да смрди. И не се сеќавам кога последно сум те погледнала во очи и сум почувствувала љубов. Можеби затоа што ја немаше, не знам, само знам дека и не се сеќавам повеќе на ништо.

Поврзани статии

Pin It on Pinterest

Share This