Конечниот заклучок е дека Земјата е стара околу 4.54 милјарди години со датирање на карпите и менувањето на нивната површина, како и според соларниот систем и метеорите.
Во последните 400 години, имало неколку обиди за одредување на староста на планетата Земја од научен аспект. Научниците се обиделе да ја предвидат возраста според променливите нивоа на морето, времето за кое Земјата или сонцето се оладиле за да ги претстават температурите и соленоста на океанот.
Како што напредувала науката, овие методи се покажале како несоодветни. Наводно, растот и падот на океанот се покажал како процес кој постојано се менува, наместо да опаѓа. Поради ова и други неефикасни обиди, во обид да се пресметаат годините на Земјата, научниците се свртиле кон карпите кои ја покриваат нејзината површина.
Меѓутоа, бидејќи тектониката на карпите постојано се менува и ја менува површината, се претпоставува дека првите карпи ја сменале површината пред долго време, односно се стопиле и формирале нови површини.
Во раните години од 20 век, научниците го рафинирале процесот на радиометриско датирање. Претходно истражување покажало дека изотопите на некои радиоактивни елементи се распаѓаат во други елементи со стапки кои може лесно да се предвидат.
Со испитување на постоечките елементи, научниците го пресметале почетното количество, и колку долго треба за распаѓање на елементите, овозможувајќи им да ја детерминираат староста на карпата.
Најстарите карпи на Земјата пронајдени досега се Акаста Гнајс во северозападна Канада, во близина на Големото Славено Езеро, и се 4.03 билиони години стари. Карпи постари од 3.5 милијарди години може да се најдат на сите континенти.
Гренланд може да се пофали со камењата Isua Supracrustal стари помеѓу 3.7 и 3.8 билиони години, додека пак карпите во Свазиленд се помеѓу 3.4 и 3.5 билиони години стари. Примероците во западна Австралија се стари помеѓу 3.4 и 3.6 билиони години.
Истражувачки групи во Австралија ги пронајдоја најстарите минерални зрна на Земјата. Стари се околу 4.3 милијарди години, што ги прави најстарите материјали досега откриени.
Нивните изворни карпи се уште не се пронајдени. Ова покажува дека Земјата е уште постара од нив, бидејќу се што е на планетата мора да е постаро од она што лежи на нејзината површина.
Во обид за понатамошно прецизирање на староста на Земјата, научниците се насочиле кон соларниот систем. Материјалот што го формирал сончевиот систем бил облак од прашина и гас што го опкружувал младото сонце. Гравитациските интеракции го споиле овој материјал со планетите и месечината приближно истовремено.
Со проучување на други тела во Сончевиот систем, научниците дознале повеќе за раната историја на нашата планета.
На пример, најблиското тело до Земјата, односно месечината, не страда од проблемите кои се појавуваат на површината на Земјата. Како такви, карпите од раната лунарна историја треба да бидат присутни на месечината. Примероци донесени од мисиите на Аполо и Луна откриле возраст помеѓу 4.4 и 4.5 билиони години, што помогнало и во контатирање на попрецизна старост на Земјата.
Научниците истражувале и помали карпести примероци паднати на Земјата. Како на пример, метеоритите кои доаѓаат од различни извори. Некои се отфрлаат од други планети по насилни судири, додека пак други се остатоци од раните сончеви системи кои никогаш не достигнале доволна големина за формирање на кохезивно тело.
Иако нема карпи од Марс, примероци од оваа планета постојат во форма на метеорити кои паднале на Земјата одамна, овозможувајќи им на научниците да одредат попрецизна возраст и на планетата Марс. Некои примероци се стари околу 4.5 милијарди години, поткрепувајќи други пресметки за староста на раната планетарна формација. Над 70 метеорити паднале на Земјата со одредена старост помеѓу 4.4 и 4.5 милијарди години со радиометриско датирање.
Во 1953 година, Клер Камерон Патерсон ги измерила односите на изотопи во олово кои помогнале во прецизирање на староста на Земјата.
Метеоритот на Кањонот Дијабло е важен бидејќи е од класата на метеорити со компоненти кои овозможуваат попрецизнои датирање. Тие покажале старост помеѓу 4.53 и 4.58 милијарди години.
Научниците го толкуваат овој опсег како време потребно за развивање на соларниот систем, постепен настан кој се одвивал околу 50 милиони години.
Со користење на карпи од самата Земја, но и информации за системот кој ја опкружува, научниците успеале да одредат приближна старост на планетата.
Како што кажавме претходно, се претпоставува дека Земјата е стара околу 4.54 билиони години. Се претпоставува и дека соларниот систем е отприлика 13.2 билиони години стар, додека пак Универзумот покажува старост од 13.8 билиони години, според истражувањата.