Кажете “Те сакам” денес, но во огледало, посветете си го целото време на овој свет, неограничено е верувајте, бидејќи не постои, а нешто што не постои не можеш да го ограничиш, нели? Можеш само да ја искористиш таа илузија време и да не се загубиш во моментите за кои мислиш дека брзо го трошат, што повторно не е реално, моментите може да траат колку што посакувате вие.
Кажете си “Те сакам”, насмевнете се во огледалото, потсетете се на се што сте постигнале, потсетете се на секој пад во животот, но подобро потсетете се и на секое издигнување над падот. Ете тоа е таа насмевка која сакав да ја доловам на вашето лице. Потсетете се дека сте доволно силни да успеете во се што ќе посакате, бидејќи сте уникатни и имате уникатни идеи кои вредат да бидат слушнати, остварени, вредат да се гордеете на нив, ја заслужуваат вашата посветеност. Вие вредите, повеќе од било кој што ви кажува дека не вредите. Штом тој некој се преокупира со останатите, тогаш не е доволно окупиран со себеси, што значи не е доволно добар и не вреди, а во никој случај не е подобар од вас.
Кажете си “ре сакам” во огледало и бакнете го, слатко, кратко и мистериозно, не е нарцизам, верувајте, тоа е љубов, љубов кон себеси. Кажете си “те сакам” денес во огледало, бидејќи никој нема да ви го каже истото со емоција каква што ќе си ја доловите себеси во моментот. Кажете си “те сакам” и вистински мислете го тоа, бидејќи само вие може да се сакате себеси повеќе од секој друг, никогаш не заборавајте го тоа.