Во животот многу луѓе ќе те повредат без да се извинат, бидејќи немаат храброст или лице да те погледнат во лице и да ги кажат магичните зборови “Извини, прости ми, згрешив”.
Но, тоа не значи дека ние треба да му дозволиме на мозокот да се преокупира со сите тие недобиени извинувања и прошки кои никогаш не биле побарани од вас, a сепак луѓето си заминале мирно како веќе да ги дале. Верувајте дека тие не се мирни, зошто секој човек има совест колку и да се преправа дека ја нема.
Не е важно дали некој ќе си замине откако ќе ве повреди како ништо да не се случило, важно е дека тој ќе знае дека згрешил и ќе очекува да му биде вратено со иста мера. Кармата никогаш не остава нерасчистени сметки. За неа важи поговорката: “Чиста сметка, долга љубов”.
Не грижете се за оние кои ви нанеле зло или ве повредиле намерно, а никогаш не се извинале и не се покајале за тоа, знаејќи дека грешат. Не обидувајте се да им кажете дека ве навредиле или повредиле, бидејќи не можеш да му докажеш ништо на човек кој не се смета себеси за крив, без разлика колку и докази да му приложиш. Во тие моменти, наместо да држиш гнев, да плачеш или да се одмаздуваш, прими извинување кое не си го добил.
Душата ќе ти олесне, а ти ќе се чувстваш семоќен и попаметен од тој глупавиот што ти згрешил. И запомни дека тоа извинување кое го примаш, а не си го добил никогаш, не го примаш, бидејќи тој некој заслужува прошка, туку бидејќи ти заслужуваш мир.