Ќе те сакам. Ќе те сакам толку силно, што ќе те боли. Иако не си блиску, ќе чувствуваш.
Ќе те сакам, толку силно што ќе плачеш, но нема да ти кажам, ќе се сетиш. Сам ќе си ги голташ солените солзи и ќе се сеќаваш.
Ќе те сакам и кога ќе мислиш дека не те сакам, кога секоја ноќ ќе се убедуваш дека те заборавив. Ќе те паметам, дури и тогаш кога самиот ќе се заборавиш, повторно ќе почувствуваш дека те сакам, се уште, никогаш и не престанав.
Знаеш дека е така.
Ќе те сакам и кога самиот нема да се сакаш, а ќе се случи тоа. Ќе те сакам, но нема да ти се вратам, повеќе никогаш. Ниту на сон, а камоли на јаве. Бидејќи не заслужуваш.
Не заслужуваш ниту еден мој поглед, а камоли бакнеж, не дај боже љубов која ја имаше на претек. Сега ќе ја имаш само во твоите мисли и ќе ја чувствуваш со твоето срце, но никогаш повторно нема да ја дофатиш во прегратка.
Те сакам.