Лесно е да бидеш жртва, пробај да бидеш силен

Лесно е да се предадеш, поентата е да не ја препуштиш војната на противникот само поради една, две, десет изгубени битки, важно е никогаш да не се откажеш. Зошто да се предадеш, кога можеш да победиш? Зошто да се чувствуваш повреден, кога можеш да се чувствуваш непобеден, зошто да изгубиш, кога можеш да победиш, зошто да умреш, кога можеш да живееш. Никогаш не се предавај.

Колку и да е тешко, остани и бори се, за себеси, за своите соништа, извојувај ја победата која ти е препишана уште пред да се родиш, следи ја твојата лична легенда која ретко кој ја следи, сите се откажуваат лесно, сите велат дека такви се околностите. Околности не постојат, ги создаваш сам, запомни го тоа. Секој може, доволно е да сака. Кога желбата е победена од стравот, верувајте желбата не е доволно посакувана. Кога се сака нештото, се добива, бидејќи секој може, доволно е да сака! Лесно е да бидеш жртва, пробај да бидеш силен! Лесно е да легнеш на земја и да чекаш да бидеш прегазен, тешко е да станеш и да се спротиставиш, но не е невозможно, бидејќи самиот збор во себе го содржи зборот “возможно”. Немој да бидеш жртва. Биди победник, биди свој херој, биди свој идол, биди ти. И запомни, изгубено е само она од кое си се откажал.

Поврзани статии

Pin It on Pinterest

Share This