Сфатив дека денес најубаво е да си глув.
Не знам зошто порано не оглувев кога ги слушав коментарите, правилата и советите од другите кои секогаш беа подобри од оние моите. Сега се прашувам, зарем ЈАС не знам што е добро за мене, а што не е?
Доколку луѓето и вас ве манипулирале на ваков начин, тоа е затоа што ве сметале за многу добри или за ретардирани, макар што денес не ја воочуваат разликата помеѓу овие два поими, сигурно ме разбирате.
Денес, често оној добриот кој слуша од почит е оној кој сите го искористуваат.
Ова го сфатив пред одреден период, откако ги поминав најубавите тинејџерски години заробена во предрасуди, озборувања, совети, тапкања по грб кои најчесто ме туркаа кон дното, неискрени пријатели, лажни познаници, уште полажни знаници.
Но, ете еден ден, како гром од ведро небо, оглувев.
За нивна жал и моја среќа, повеќе не ги слушав, ги елиминирав сите кои инстинктот ми кажуваше дека треба да бидат елиминирани, а инстинктот никогаш не лаже.
Животот ми стана полесен, поубав, мој! Знаете, некои луѓе се како облаци, кога ќе се тргнат излегува сонцето, или кога ќе ги дувне ветер, а во овој случај, ветрот бев јас.
За да не биде така нападно, ги елиминирав полека, но сигурно.
Знаете ли што слушнав позади грб? Дека сум се променила. Тогаш сфатив дека луѓето ќе ти речат дека си променил, кога ќе престанеш да ги слушаш.
Ќе те мразат тогаш кога ќе сфатат дека не ги ебаш ни 2% повеќе, бидејќи едноставно ти се здосадило од нивното ебење во твојот здрав мозок, па сега сакаш да одмориш малку.
А тебе и баш ќе ти биде гајле, дали ќе те мразат или не.