Кога една жена ќе одлучи дека е готово, верувај дека е навистина готово помеѓу вас двајцата, без разлика што и да направиш. Односно, не можеш ништо да направиш, затоа што кога жена која те сака, носи одлука да те остави засекогаш, сигурно веќе си направил и повеќе од доволно.
Знаете, жената може да ви даде една, две, десет шанси, ако ве сака.
А не би требало да ви дава повеќе од една, затоа што, ако сте ја сакале и почитувале навистина, и таа една ќе сте ја искористеле како последна.
Но, жените се трпеливи. Истрајни. Нивното разбирање делува бесконечно. Даваат повеќе шанси, затоа што се заљубиле во вашиот потенцијал и веруваат дека еден ден, можеби ќе сфатите што сакате од животот, и ќе станете подобар маж кој ќе ги сака, онака како што заслужуваат.
Но, тоа ретко се случува пред жената да одлучи да го остави мажот кој го сака, затоа што, ако сакаш некој, не значи дека треба да останеш со него по секоја цена.
И така, жените чекаат, даваат шанси, губат сон, живеат кошмар, се инаетат со гордоста која им кажуваат да ги откачат мажите кои не ги вреднуваат доволно или воопшто, се справуваат и со хаосот во нивната глава, се додека еден ден, не им пукне филмот и кажат “ДОВОЛНО”.
Момци, како мажи сте способни на се, освен на една работа, а тоа е да ја вратите жената која одлучила да ве остави. Кога еднаш жената ќе одлучи дека е ДОВОЛНО трпење на вашето срање и справување со вашите демони, со кои требало сами да се справувате, враќање назад, НЕМА.
Кога еднаш жената ќе одлучи дека е ДОВОЛНО од вашето токсично присуство во нејзиниот живот и ќе ја вкуси убавинат на слободата и секојдневието без нерви, драма и трпење срања, ја губите засекогаш.
Зошто? Затоа што ТАА се пронаоѓа себеси.
Значи, ја губиш жената, тогаш кога ТАА ќе се пронајде себеси и ќе сфати дека вреди повеќе отколку што си ја вреднувал ти.
ТАА вреди повеќе и заслужува повеќе, а вие веќе сте и дале премалку.
И нормално е да замине во потрага по некој кој ќе ја сака како што заслужува, некој кој ќе ја сака, како што не сте ја сакале вие никогаш, мажот кој ТАА го чекала да се пронајде себеси.
Или заминува во потрага по нов живот за себеси, бидејќи не е задолжително да имаш маж покрај себе, за да бидеш среќна.
Додека ТАА чекала и залудно се надевала на вас, се пронашла себеси и пронашла мир во животот без вас, односно сфатила дека НЕ вредите онолку колку што ве проценила, односно ПРЕЦЕНИЛА.
И без разлика колку мажите глумат дека не жалат по женатаа која ги чекала, им давала милион шанси, знаејќи дека се залудни, колку и да се убедуваат себеси дека ја преболеле ТАА жена, вистината е во суштина спротивна. Жалат по ТАА жена. И тоа како жалат и сеуште го чувствуваат печењето на изгубените шанси.
И не, мажот кој ја изгубил жената која некогаш го сакала навистина, не е среќен со новата жена за која знае дека ќе го остави, доколку го затекне во неговото најлошо издание. Тој станал професионалец во глумењето среќа со вештачка насмевка и навидум силна, но лабава прегратка, додека на местото на новата, ја замислува онаа која навистина го сакала.
И чекала. И се надевала на промена. И заминала.