Ме јадеше и исполнуваше тоа што не знаев дали ќе ја имам повторно

Седам во омилениот паб со другарите и се објаснувам за политика, тема која не ме интересира, но сепак ја коментирам често. Од нигде никаде во локалот влегува ТАА. Се расфрлаше со рацете и косата долга до половина, собрана во коњско опавче, дерејќи се на телефон.

Носи некои глупави “office” алишта кои не одговараат на нејзините облини. Не се лиени тие долги нозе за такви формални панталони. Не се лиени тие гради за кошула закопчана до врат. Единствен детал кој се вклопуваше со нејзиниот вистински карактер беа високите потпетици.

Според мојата проценка, беа високи околу 5 сантима плус од алатот во панталоните. Црвени. И одговараа на вештачките нокти и карминот. Отсекогаш сакала да делува сериозно, да биде сфатена сериозно. Но, отсекогаш потфрлувала. Никој никогаш не ја сфаќаше сериозно. Јас најмалку.

Го зедов пивото во рака и се упатив кон шанкот на кој седна, вртејќи ми го грбот. Ја испружив раката кон нејзината половина, и пријдов од лева страна и се насмевнав. Се џареше немо, а потоа посегна кон пивото кое стоеше затворено на шанкот. Без збор, посегнав да го отворам за неа.

Ми го оттргна од рацете, грубо и нежно, истовремено. Со потегот како да ме предупреди да ја оставам на мира. А знаевме и двајцата дека не го сакаме тоа, да се оставиме на мира. И го извлеков пивото од раце и седнав до неа. И го дадов моето, полуиспиено. Истото го пиеме отсекогаш. Всушност, јас ја навикнав на тоа пиво, додека таа ме навикнуваше на нејзиното присуство.

Тензијата помеѓу нас беше неподнослива, но толку смирувачка и правилна. Не можам да објаснам како се чувствувам кога седи во моја близина. Постојано го замислувам нејзиното голо тело, под мојата тежина. Истото се случуваше и сега. Но, секогаш е тука проблемот кој беше клучен за нашето последно “раскинување”. Немаше разлика помеѓу неа и каменот. Толку беше ладна и затворена.

Никогаш не дознав како се чувствува. Никогаш не ја сфатив сериозно поради тоа. Но, се беше во ред се додека ме залажуваше со ноќите поминати кај неа. Се прашував дали носи гаќички. Секако дека не, го забележав тоа уште кога влезе во локалот.

Ми годеше нејзината тишина. Ми годеше и нејзиниот инат. Ме јадеше и исполнуваше тоа што не знаев дали ќе ја имам повторно. Така е секогаш со неа. Никогаш не знаеш каков ден те чека. Дали ќе те бакне или полуди за добро утро. Сепак, не би ја менувал за никоја. А таа мене?

Секако дека да, го забележав тоа уште кога влезе во локалот. Не влезе случајно. Влезе со причина. Да ме полуди. Да ми даде причина да ја вратам повторно, со тоа што ќе заведи друг. Да ми даде дознаење дека тој што седна од нејзината десна страна, ќе ја води дома вечерва.

А јас, јас не можев да направам ништо околу тоа, затоа што веќе направив доволно за неа, за девојката за која никогаш ништо не беше доволно.

Поврзани статии

Pin It on Pinterest

Share This