Напуштањето не е знак на љубов, како што некои тоа го толкуваат.
Ако некого напуштите, значи се откажувате од него, засекогаш без разлика колку пати ќе се вратите назад. Кога оставате еднаш, нека биде тоа засекогаш. Но, кога ве оставаат, не враќајте се повеќе назад, бидејќи повторно ќе ве остават, кога-тогаш.
Тоа што се случило еднаш, не мора да се повтори. Но, тоа што се случило повеќе пати ќе се повтори уште наредни милион. Затоа напуштете го тој што ве напушта постојано, засекогаш!
Не бидете сентиментални, потсетете се зошто тој, некој ве оставил и не бил сентиментален додека го правел тоа, туку бил ладен како воздухот во Декември пред Нова година.
Запрашајте се, зошто ве оставил кога ви рекол дека ќе ве сака засекогаш? Зарем тоа “засекогаш” има рок на траење? Секако, луѓето се менуваат, а заедно со нив и чувствата и реално, никој нема да ве сака засекогаш. Но, личноста која ве остава постојано со цел да ја тестира вашата љубов, не ве сакал уште од почетокот.
Посакувате некој што никогаш не би се откажал од вас, но за да го пронајдете треба прво да се откажете од тој што ве напушта постојано, засекогаш! Останете со тој што никогаш нема да се осмели да ве загуби, бидејќи ќе стравува од помислата дека никогаш повеќе нема да ве врати.
Останете со тој што ве сака навистина, не со тој што ве остава “засекогаш”, но постојано се враќа во вашите прегратки мислејќи дека може да ве има кога ќе посака.
Тоа не е љубов, тоа е опсесија.