Не барај некој што ќе ти го освои цел свет, барај некој што ќе го освои твојот свет

Сакаш некој што ќе ти пружи сè, сакаш некој што ќе те гледа како кралица, ќе ти ги бакнува нозете, сакаш некој што ќе ти го освои светот и ќе ти го стави под нозе. Бараш, но не можеш да најдеш, зошто?

Затоа што никој не е должен да ти даде сè, никој не е должен да те гледа како кралица, никој не е должен да ти ги бакнува нозете, никој не мора да го освои светот и да ти го стави под нозе.

Потребно е самата да стекнеш сè, самата да се гледаш како кралица за да го привлечеш кралот, не треба да дозволуваш никој да ти ги бакнува нозете, бидејќи ничии нозе не се за бакнување.

Не мора никој да ти го освои светот, освои го сама.

Стави го под нозе сама, кога веќе сакаш, не очекувај некој друг да го направи тоа за тебе, бидејќи си способна, доколку си посакала нешто, истото можеш да го оствариш.

Велат, штом мозокот смислил нешто лудо, ќе најде луд начин како истото да го оствари. Не барај некој на кого ќе се потпираш цел живот, не барај некој што ќе биде секогаш тука за тебе.

Барај некој што ќе ти го исполнува срцето, кога ќе му дозволиш да се потпре на твоето рамо, барај некого за кого ти ќе бидеш секогаш тука, верувај, ќе добиеш за возврат, само доколку не го бараш спротивното.

Барај некој што ќе те сака, најди некој што ќе го засакаш, не трчај по материјално.

Ако некој е богат, не значи дека и ти ќе бидеш богата покрај него. Имај свое, не зависи од туѓо, бидејќи туѓото може да замине, но твоето останува, туѓото може да се изгуби, бидејќи не е во твои раце, а твоето одлучуваш дали ќе го пуштиш да ти се слизне од дланките.

Во свет кога сè е свртено на материјалната страна, биди ти ТАА што ќе гледа на страната на вистинските вредности. А тоа се мирот, љубовта, среќата, успехот, остварувањето на соништата и што уште не, што не спаѓа во материјално.

Запомни, овие вредности ја полнат душата, материјалното го полни само паричникот.

Затоа барај некој што ќе те опсипи со љубов и внимание, наместо со подароци, барај некој што ќе го освои твојот свет, заедно со тебе во него. Потоа, целиот свет ќе го освоите ЗАЕДНО.

Поврзани статии

Pin It on Pinterest

Share This