Не биди само прилика која е многу добра за да се пропушти

Често сум била гледана како прилика која е многу добра за да се пропушти, се додека не сфатив дека тие кои ме гледале на таков начин, требало да се пропуштат.

Често сум била потценувана, недоволно добра – нарекувана, ставана на второ место, како втората жена, замислувана како нешто лесно и интересно, се додека не сфатив дека тие кои ме гледале на таков начин, биле во се на последно место, и се замислувале како некој и нешто, а всушност биле никој и ништо.

Сфатив дека таквите се лесни за заборавање, затоа што спомените кои ги оставиле, ме потсетувале каква иднина треба да изградам за себе, иднина во која нема да бидам само прилика која е многу добра за да се пропушти, туку прилика на која нема да имаат прилика да и пријдат, а камоли пак да ја заведат. А кога еднаш ќе ја вкусиш иднината, минатото станува горчливо. И секако, не се навраќаш на него, бидејќи не можеш да промениш ништо. А зошто би губел време на нешто кое не можеш да го промениш?

Ме научиле и дека оние кои те нарекуват недоволно добар или те потценуваат, се гледаат себеси како недоволно добри за тебе, односно се потценуваат, па мора се обидат и да ти ја намалат вредноста со невредни зборови, за да не ги оставиш. А кога и тоа ќе го направиш, ќе видиш колку биле ништожни.

Отсакај го човек, и види какви супер моќи си му измислувал. Ова беше кажано од моја колешка, авторката Марија Лозановска. Или како што сите веќе ја знаете – “Писателката од Лозана”.

Кога ја прочитав реченицата, се запрашав, какви моќи сум им измислувала на луѓето кои сум ги сакала, а кои не можеле да ме сакаат мене, затоа што не се сакале ниту самите себе. Сфатив дека им измислив многу моќи. Една од нив, беше способноста да сакаат, вистински, безрезервно, искрено.

Но, не можеш да го дадеш нештото, ако не го носиш во срцето. Нивното срце било празно. И кога ќе се сетам на ова, се чувствувам тажно. Не ги мразам ами ги сожалувам. Никогаш нема да дознаат како е да сакаш без да очекуваш љубов за возврат, бидејќи таква е онаа вистинската. Не зема ами дава. Не заробува ами ослободува. Не уништува ами создава. Не испразнува ами исполнува.

А ретки се тие кои ја спознале навистина. Ретки се тие кои не те гледаат само како прилика која е многу добра за да се пропушти, знаејќи дека се прилика која е подобро да се пропушти, отколку да дозволиш да те уништи.

Затоа, девојки и момци, кога ќе забележите дека некој ве гледа само како привремена забава, а се убедувате дека не го прави тоа, додека разумот ви го кажува спротивно, заминете, пред да заминат и помислат дека успеале да ве изиграат.

Не поминувајте го животот како прилика која е многу добра за да се пропушти, туку пропуштајте ги оние кои мислат дека можат да си играат со вашите емоции и да ве остават со празнина која со ништо не се пополнува.

Не дозволувајте некој помалку вреден од вас, да направи да се чувствувате безвредно, кога вистинскиот безрбетник и безвредник е самиот тој.

Поврзани статии

Pin It on Pinterest

Share This