Не дозволувај да те убедат дека не можеш, само затоа што не можат тие

Луѓето кои не се чувствуваат способни да ги следат соништата, да го изградат животот кој го посакуваат за себе, и да ги направат работите кои сакаат да ги направат, ќе те убедуваат и тебе дека не можеш да го направиш истото. Не слушај ги.

Таквите сакаат луѓето со кои се опкружени да бидат на нивно ниво, затоа што само така ќе се чувствуваат подобро за себеси. Едноставно е. Мизерните луѓе, сакаат останатите да бидат мизерни и да ги дружат во “кукањето” дека животот е тежок, а соништата никогаш нема да се остварат поради нечесни луѓе, државата или недостатокот на финансиски средства. Не, животот не е тежок. Тешки се таквите луѓе кои наместо да превземат нешто, одбираат да кукаат и да се жалат, затоа што така е полесно.

Соништата се остваруваат, но само доколку си квалитетен, доколку работиш на себе и кроиш планови како да ги оствариш. Нема да го постигнеш тоа што го сакаш, ако постојано се убедуваш дека не си доволно добар, дека немаш пари или дека државата не е во ред. ТИ НЕ СИ ВО РЕД. Барањето изговори нема да те донесе поблиску до соништата. Напротив, ќе те оддалечи од нив. И не само од нив, туку и од себеси. Затоа што човек без соништа е жив мртовец кој преживува, мислејќи дека ужива во својата удобна зона, кога во суштина, скапува.

Затоа, не дозволувај да те убедат дека не можеш, само затоа што не можат, односно, не сакаат тие. Не дозволувај да те убедат дека не си доволно добар за твоите соништа, само затоа што тие веруваат дека не се доволно добри за ништо.

Не дозволувај да те убедат дека сонуваш на големо, и дека големите соништа нема да се остварат, само затоа што нивниот мозок е навикнат на мали работи и мали соништа. Не кажувам дека малите соништа се невредни. Напротив, сите треба да сонуваат на големо, но да започнат со остварување на мали соништа кои ќе ги одведат скалило плус до замислената цел. Секој голем човек бил како тебе. Сечии големи соништа се оствариле со помош на мали соништа и почетни, мали чекори.

Затоа, не дозволувај да те убедат дека не можеш, само затоа што се плашат дека ти ќе го живееш животот кој тие отсекогаш го посакувале. Не дозволувај да те убедат дека не можеш, само затоа што се плашат дека ти ќе бидеш тој кој ќе ги потсетува дека не даваат се од себе за да успеат. Дај се од себе и успеј. Не за нив ами за себе.

Многу луѓе ми кажувале дека не можам, само затоа што не можеле тие. Ми кажувале дека сум самопрогласен автор, не земајќи ја во предвид публиката која го направила тоа за мене, со цел да ме повредат или навредат. Но, јас навредите не ги прифаќам како вистини за мене. И никогаш не реков дека сум автор. Кога ќе ме прашаат што работам и колку заработувам, не знам како да одговорам, затоа што сум скромна и знам дека нема да ми веруваат. Но, нема да лажам дека сум скромна кога станува збор за соништа.

Сонувам на големо, па затоа сакам и луѓето кои ме читаат да го прават истото. Ако ги слушав луѓето кои ми кажуваа дека никогаш нема да успеам, навистина немаш да успеам. Но, наместо тоа, избрав да го слушам срцето. Избрав да се слушам себеси и своите соништа кои ми шепотеа дека доколку не се откажам од нив, нема да се откажат ни тие од мене. И така и се случи. Не се откажав од пишувањето. И пишувањето се откажа од мене.

Веќе 4 години лебот си го заработувам со пишување. И се гордеам со себеси. И сакам и вие да се гордеете со својот успех. Сакам и вие да заработувате од талентот. Затоа што кога веќе животот нема смисла, ајде да му дадеме своја смисла и да веруваме во неа.

Во спротивно, не сме ништо повеќе од живи мртовци кои преживуваат, наместо да живеат, токму како што тоа го прават луѓето кои те убедуваат дека не можеш. МОЖЕШ. И тоа како можеш.

Поврзани статии

Pin It on Pinterest

Share This