Она што не може да се игнорира за врските е тоа што во нив има уште една личност, вашиот партнер за кој што треба да се грижите и да го поддржувате постојано.
Ако не ги исполнувате овие “должности”, вашиот партнер ќе се чувствува запоставен, бидејќи односите може да се затегнат, ако вие се чувствувате стегнати во себе. Или со други зборови, не сте среќни, а тоа делува токсично врз него.
Во друг случај постојат луѓе кои се зависни од врската и имаат ниска самодоверба, што исто така делува токсично врз партнерот и врската.
Доколку се пронајдовте во овие реченици, тоа значи дека вашата врска не се движи во добар правец, бидејќи не може да бидете среќни со друг ако претходно не сте среќни сами со себе и не ги знаете вашите цели и амбиции во животот.
Не дозволувајте врската да ви стане најважен приоритет, колку и да го сакате партнерот, бидејќи така ќе ја запоставите љубовта кон себеси.
Одвојте време за вежбање, мирување, едноставно осознајте се себеси, бидејќи ако утре вашиот партнер не биде тука за вас, вие повторно ќе бидете сами, што значи треба да се навикнете на своето друштво, без разлика дали сте во врска или не.
Ако вашата цел е да се вработите, започнете да барате работа според критериумите и воведете нови промени во животот кои ќе ве направат да се чувствувате успешно и среќно.
Нареден чекор е да го отфрлите емоционалното гадење кое настанува во вашиот стомак, секогаш кога го замислувате животот без партнерот, бидејќи тоа што го чувствуваш, ти се остварува.
Едноставно, отфрлете го притисокот од градите кој ве спречува да дишете слободно во врската, постојано обвиени во страв истата да не пропадне.
Не чувствувајте се сами, разговарајте за сите проблеми и препреки, верувајте тоа е доволно за врската да функционира правилно. Бидете сигурни дека со разговор се решава се, исто и кога станува збор за вас самите, запрашајте се дали врската ќе ви функционира подобро, доколку сте позитивни.
Одговорот е сигурно потврден, па тогаш зошто не го применувате овој став и дозволите врската да ви биде уживање во позитивното како за вас, така и за вашиот партнер?
Мора да се напомене и дека понекогаш е добро да се потпрете на партнерот кога ви треба помош или утеха, бидејќи тој е тој што знае како да ве смири најдобро во секоја ситуација.
Тоа значи дека треба да си дозволите да бидете и ранливи, да сакате со цело срце за да може партнерот да влезе во него и да се чувствува сакано и среќно покрај вас.
Ако сте спремни да го направите сето ова за вашата врска, тогаш сте спремни да го прифатите и вашиот партнер каков што е во неа, без страв дека ќе го изгубите.
Сакајте го него, но сакајте се себеси повеќе, бидејќи во спротивно ќе ги исполнувате само неговите цели и амбиции во животот, а за вашите нема никогаш да најдете време.