Очигледен знак кој покажува дека твојот партнер е емоционален психопат

Една од клучните причини за распаѓањето на врската е одбирањето на погрешен партнер. Срцето не избира во кој ќе се заљуби. Во право сте, но вие избирате дали ќе останете со партнерот кој срцето го избрало.

Сте знаеле ли дека дури 95% од успехот на врската зависи од изборот на партнерот? Односно, иднината на вашата врска зависи од вашиот избор.

Не кажувам дека бројката е прецизна, но процентот е доста висок и мора да признаете дека има смисла, односно дека партнерот кој ќе го изберете детерминира дали ќе уживате среќна и здрава врска или токсична.

Постојат црвени знамиња кои се појавуваат со изборот на погрешен партнер, односно психопат. Но, кој може да ги запомни сите совети кои ги чита онлајн или во книга и да ги препознае сигналите на време?

Никој.

Токму затоа одлучив да одвојам само 1 очигледен знак кој потврдува дека сте во врска со емоционален психопат.

Ако се прашувате што е емоционален психопат, дозволете да ви појаснам.

Таквиот психопат се грижи само за себе и своите емоции, односно не му е гајле за вас и вашите емоции. Таквиот психопат не внимава дали неговото однесување или неговите зборови, ќе ве навредат или повредат, туку внимава само на своето его, на својата гордост и краде од вашата гордост со цел да го нарани своето его.

Таквиот психопат верува дека секоја личност во неговиот живот, постои само за да го повреди, потцени, односно не верува никому затоа што самиот себеси не си верува, а богами нема ниту самодоверба и високо мислење за себе и својот живот.

Таквиот психопат постојано бара доказ за љубов. Постојано сака да му докажувате дека го сакате со посветување на внимание, односно ЦЕЛОТО ваше внимание бара да го посветите на него.

Тоа не е во ред, затоа што личноста со која емоционалниот психиопат е во врска, има свој живот и потреба за време и внимание кои треба да си ги посвети себеси, на својот живот и своите страсти, односно ИМА ПРАВО на користење на своето ДРАГОЦЕНО, ОГРАНИЧЕНО време како што сака.

Емоционалниот психопат не може да го разбере тоа.

Тој/таа мисли дека светот се врти околу него и сите треба да му посветуваат внимание. Никогаш ништо не е доволно за да ја задоволи неговата потреба за љубов, затоа што не се сака самиот себеси.

А кога не се сакаш самиот себеси, ничија љубов не може да ја пополни празнината која ја чувствуваш, ниту пак да те направи среќен.

Ако сакаш да бидеш среќен со други луѓе, треба прво да научиш како да бидеш среќен самиот со себе, односно да се прифатиш каков што си и да се подобруваш постојано, како за себе, така и за луѓето на кои им значиш.

Никој не е должен да ги поднесува твоите љубоморни испади, панични напади и твојот драматичен карактер. Но, пак ќе кажам, емоционалниот психопат, не може да го разбере тоа.

Мислам дека добивте јасна слика за тоа како изгледа и како се чувствува еден емоционален психопат во врска, без разлика дали се работи за љубовна, пријателска или семејна врска.

Но, постои еден јасен индикатор кој потврдува дека личноста е емоционален психопат. А тоа е следниот.

Ништо не е по нивна вина.

Секогаш кога се појавува проблем, виновен е партнерот, а не тој/таа.

Емоционалниот психопат тврди дека е многу сензитивен, односно лесно се навредува и повредува, па така дава дознаење дека не смеете да му ја плеснете вистината во лице, затоа што е премногу слаб за да ја поднесе.

Ако нешто не е во ред, емоционалниот психопат, секогаш вината ја префрла на партнерот. Не знае да превземе одговорност за сопствените грешки, да се извини и да ги поправи работите, затоа што е неспособен за врска, односно е незрела личност која знае како треба да се однесува.

За да ги прикрие своите недостатоци, секогаш ги истакнува недостатоците на партнерот. За да го задржи партнерот на своја страна, секогаш се обидува да ја намали неговата вредност со негативни коментари, затоа што е свесен дека партнерот заслужува подобра личност од него/неа.

Емоционалниот психопат може да навредува, но не може да поднеси навреда или шега која посочува негов недостаток или некоја грешка.

Емоционалниот психопат ќе направи да поверувате дека ВИЕ сте емоционален психопат, со тоа што ќе ве излуди со своето однесување и постапки кои ниту еден нормален човек не може, а и НЕ МОРА да ги поднесува во љубовна врска.

Ништо не е задолжително, освен да се плаќа данок и да се умре.

Сфатете го ова сериозно, затоа што ако сте во врска со емоционален психопат или некогаш стапите во врска со ваков НИКАКОВ човек, тој ќе ве убеди дека не можете без него, односно дека ви е потребен во животот, затоа што не можете да најдете подобар партнер.

Не, не и не.

Како прво, секој може без секого, но научени сме да се лигавиме.

Како второ, може да најдете подобар партнер, затоа што дури и од најдобриот кој мислите дека го имате, може да имате подобар.

И како трето, ЗАСЛУЖУВАТЕ повеќе, односно заслужувате врска која нема да биде токсична и ќе ве прави среќни и исполнети, наместо да ве гуши, обезвреднува и да го празни вашето срце, односно да го полни егото на емоционалниот психопат.

Здравата врска исполнува, наместо да ја вдлабнува уште повеќе празнината која ја чувствува секој човек во текот на животот. И во ред е да се чувстувате празно. Еден ден, ќе се појави личност која ќе ја пополни таа празнина во одреден процент.

Но, додека се појави таква личност, запомнете дека треба да најдете начин како да се направите самите среќни, наместо да поднесувате емоционални психипати кои ќе го губат вашето време и ќе ја трошат вашата љубов, безполезно.

Поврзани статии

Pin It on Pinterest

Share This