Откриј што кажува неговата омилена секс поза за него како личност

Сте се запрашале зошто вашиот дечко или сопруг преферира кучешка поза? Или зошто популарната поза 69 е една од неговите омилени?

Ако ме следите постојано, знаете дека не преферирам генерализација на луѓето од различни аспекти и не верувам во онлајн тестови и нагодувања, но налетав на оваа тема додека пребарував нови теми за пишување.

Читајќи го објаснувањето, сфатив дека можеби нагодувањата се точни во одреден процент, затоа што забележав сличности помеѓу напишаното за омилените пози и карактерот на моите бивши дечковци.

Затоа, ако сте заинтересирани што кажува омилената поза за вашиот сегашен партнер или некој бивши партнер, продолжете со читање.

1. Кучешка поза

Ова е најпопуарната и омилена поза меѓу мажите. Ако вашиот партнер ја преферира оваа поза, тоа значи дека сака да има контрола врз работите во неговиот живот, како и во врската.

Губењето контрола врз животот е еден од неговите најголеми стравови. Практична личност која не внимава на детали. Преферира разговори на важни теми. Мрази бесцелно озборување. Доминантен манипулатор кој секогаш се става себеси на прво место, а потоа луѓето кои ги сака.

2. Каубојка

Уште една омилена поза меѓу мажите. Ако вашиот партнер ја преферира оваа поза, тоа кажува дека е разгален, односно зависен од советите на мамичка и татичко кои му ја одредуваат насоката во животот.

Емоционален психопат кој пораснал со работите кои ги сакал и не се грижи за иднината, се додека неговите родители се тука за да му помагаат. Бара внимание и љубов, а не дава ништо за возврат. Мисли дека жената треба да му се потчини и да направи се за него, ако навистина го сака.

4. Обратна каубојка

Мажите кои ја преферираат оваа поза се 100% самобендисани женкари кои ја сакаат играта, односно сакаат да си играат со девојки кои се заљубени во нив. Мислат дека можат да ја добијат секоја девојка која ќе ја посакаат, а потоа да ја фрлат настрана како играчка која не им е повеќе интересна.

Ако вашиот партнер ја преферира оваа поза, тоа кажува дека мрази долги врски, односно монотонијата го убива кога е заедно со некоја девојка подолго време.

Не се задоволува со ништо и не верува во љубов, а потајно се надева дека ќе се појави некоја која ќе го увери дека вистинска љубов, сепак постои. Имал многу девојки во минатото и сите ги оставил со скршено срце, затоа што под тоа убаво лице, се крие ладен идиот.

5. Мисионерска поза

Класична поза која мажите ја преферираат на почетокот од врската, но ја избегнуваат откако страстите ќе се смират. Ако вашиот партнер ја преферира оваа поза, тоа за него кажува дека ја почитува интимноста и внимава на удобноста на партнерката со која што има секс.

Внимателна личност која сака да игра на сигурно. Кога сака некоја личност, ја сака со сето свое срце. Изневерувањето не доаѓа во предвид кај луѓето кои обожуваат мисионерска поза.

Не се работи за здодевна личност, туку за личност која знае што сака и секогаш внимава при изборот на партнер. Овој дечко/сопруг е од оние по кои девојките жалат што ги изгубиле.

6. Исправена положба

Ако партнерот преферира секс во исправена положба, додека двајцата сте свртени еден кон друг, тоа открива дека е наметлива личност која има изграден став околу секоја тема која може да ви падне на памет.

Посветена личност која работи напорно на себеси и својот успех, но никогаш не ја запоставува девојката или сопругата. Понекогаш се однесува детинесто и покажува суптилни знаци на љубомора, но длабоко во себе, знае колку вреди и никогаш не жали по жените кои си дозволиле да го изгубат. Секогаш спремен за авантури и експериментирање.

7. Лажица

Оваа поза е омилена помеѓу мрзливите мажи. Ако вашиот партнер ја преферира оваа поза, тоа открива дека е мрзлив и секогаш чека некој друг да ја заврши неговата работа за него. Не сака да се труди околу ништо, а сака да има се. Брзо се лути, а уште побрзо заборава.

Сладок, но на моменти, неподнослив. Живее мирен живот без многу размислување. Одвреме навреме, знае да изненади со интересен предлог за патување или експериментирање во кревет. Но, лажица е неговата омилена поза, затоа што може веднаш да заспие после секс во истата положба.

8. Поза 69

Повеќето девојки ја мразат оваа секс поза, но истото не важи и за мажите. Популарна и практикувана од нивна страна, оваа поза открива дека мажот е перверзен будала кој е секогаш спремен за нова авантура и експериментирање. Обожува непредвидливост и спонтаност.

И самиот е непредвидлив и спонтан. Има високо мислење за себе, а пониско за партнерката со која е во врска/брак. Мисли дека е подобар од сите и заслужува неговите идеи да бидат прифатени без разлика на околностите. Не верува во вистинска љубов, но потајно се надева на неа.

9. Исправени нозе

Ова е една од омилените пози на девојките, а доколку вашиот партнер ја преферира, тоа открива дека е интелигентен, културен и внимателен. Обрнува внимание на детали и сака се околу него да биде совршено. За себе мисли дека е совршен и секогаш одбира партнерка која наликува на него, односно е паметна и има визија за иднината.

Посветен работник кој дава се од себе да го постигне замисленото. Одличен во кревет, но избувлив кога ќе му стапнете на нерви. Овој маж е посветен на партнерката и сака да и пружи задоволство, пред самиот да се опушти и ужива, односно повеќе се грижи за девојката, отколку за себе.

10. Сендвич

Тој е постојано над вас, затоа што некаде слушнал дека ако не може да ја задоволи жената, барем нека и тежи?

Сендвич позата е популарна меѓу мажите со ниска самодоверба и оние кои се премногу мрзеливи за експериментирање. Сакаат брз и насилен секс, затоа што само така се чувствуваат добро со себеси. Кога имаат секс со партнерката, секогаш мислат на нешто друго.

Неодлучни личности кои често прават непромислени одлуки и ги обвинуваат другите за своите грешки, наместо да ја прифатат одговорноста и да ги поправат. Извинувањето им е слаба страна, а инаетот силна.

Искрени, но само под притисок. Глумат ладни, а во суштина се плачковци. Посветени на работата, но не и на партнерката, односно нивниот приватен живот.Понекогаш знаат да изненадат со предлог за јавен секс, затоа што стравот ги возбудува.

Поврзани статии

Pin It on Pinterest

Share This