Сакаш да ослабнеш? Престани да бараш изговори и да се лажеш дека не можеш

Често среќавам луѓе кои се незадоволни од својот физички изглед, односно од својата телесна тежина и посакуваат да ослабнат.

Но, проблемот кај луѓето кои посакуваат да ослабнат е тоа што тие САМО посакуваат, наместо да дејствуваат и да се посветат на процесот.

А доколку се посветат, после краток период се откажуваат, барајќи изговори од типот: “Не можам”, “Дебелите се посреќни” и така натаму.

Можеш, ама не сакаш, односно мрзата те обзела.

И не, дебелите не се посреќни, затоа што не можеш да бидеш среќен, ако си незадоволен од своето тело, односно од својот физички изглед или пак не можаш да се движиш, односно да извршуваш нормални активности поради дебелината која ја влечкаш на себе.

Ако сакаш да ослабнеш, престани со изговорите и започни со работа. Престани да се лажеш дека не можеш, затоа што можеш се што ќе посакаш.

Започни со полесни вежби, промени го начинот на исхрана, консумирај веганска или вегетаријанска исхрана, промени го начинот на живот, односно внеси нови активности во денот, како на пример пешачење, трчање или возење на велосипед.

Искористи ги прошетките со кучето кои ќе те мотивираат да пешачиш секој ден, а откако ќе стекнеш кондиција, започни со вежбање.

Не залажувај се со производи за слабеење кои ги гледаш на интернет и телевизија, затоа што доброто тело доаѓа од напорен тренинг и здрав начин на живот.

Зарем навистина мислиш дека појас за слабеење ќе ти помогне да го отстраниш салото од стомакот?

Не, вежбите за стомачни мускули, внимавање на исхраната и постојаната активност ќе ти помогнат да го направиш тоа.

Пиењето вода е исто така клучно во процесот на слабеење, затоа што водата го ослободува телото од токсини, но и прави да се чувствуваш заситен помеѓу оброците.

Пиењето на вода пред јадење, ќе те спречи да внесеш голема количина на храна. А исто така и салатата. Но, она што навистина ќе те спречи да внесуваш голема количина на нездрава храна, односно истата да ја замениш со здрава и ниско калорична храна е ТВОЈАТА ВОЛЈА.

Доколку сакаш да успееш во ова, мораш да се убедиш себеси дека ТИ ГО МОЖЕШ ОВА, затоа што не е комплицирано и невозможно. Ништо не е невозможно, се додека ти чука срцето. А сигурна сум дека не сакаш твоето да престане да чука поради прекоумерната тежина и болестите кои ги предизвикува истата.

Мораш да се почитуваш себеси доволно за да останеш истраен.

Дај си ветување дека нема да престанеш, се додека не го постигнеш посакуваниот резултат. Дај си ветување дека ќе го почитуваш твоето тело, затоа што само едно тело имаш, само еден живот имаш, и знам дека сакаш да го живееш задоволен од себеси.

А еднинствениот начин на кој ќе се чувствуваш задоволно и гордо на себеси, е ако работиш на себе, секој ден, без исклучок. Не е најважен тренингот, туку твојот mindset, односно визија.

Замисли го нештото, за да го оствариш. Замисли го крајниот резултат, за да го постигниш. Замисли ја најдобрата верзија од себеси, за да станеш најдобрата верзија од себеси и започни да работиш на себе.

Денес, веднаш, без изговори.

Поврзани статии

Pin It on Pinterest

Share This