Скршеното срце може да ве убие, вели науката

Ако се прашувам јас, никој не може да ви го скрши срцето, затоа што срцето е мускул.

Шегата настрана, знам дека многу луѓе патат од скршено срце, односно емоционално разочарување.

И јас сум патела од истиот синдром, се додека не ги прифатив разочарувањата во животот како лекции. Подобро е да се разочараш, отколку да живееш во илузија, нели?

Сепак, многу од вас, не го споделуваат моето мислење на оваа тема.

Некои мислат дека не можат да живеат без одредена личност. Други не можат да си го замислат животот без некоја личност. А трети пак, сакаат да раскинат со партнерот од повеќе причини, но не знаат како понатаму.

Имам едно прашање за вас. Како живеевте пред да ја запознаете личноста без која не може да се замислите во иднина? Епа, исто ќе живеете и доколку ја изгубите. Нема да е крај на свет, ако ставите крај на врската.

Ниту пак, ако партнерот го направи тоа. Всушност, ако тој/таа стави крај, ќе знаете дека личноста може да си го замисли животот без вас и ќе може да продолжите понатаму, залекувајќи го срцето со љубов, но овој пат, кон себе.

Сум била разочарана во многу луѓе, односно сум патела од скршено срце  и затоа можам да разберам како се чувствуваат оние кои во моментот го преживуваат истото. Верувам дека е тешко. Верувам дека е лошо.

Но, исто така, верувам и дека ќе преболиш. И ќе созрееш. И ќе станеш подобра личност после ова искуство.

Да преминеме на главната тема, а тоа е истражување кое покажува дека скршеното срце може да ве убие.

Кога го прочитав ова, ги превртив очите, и ги превртував се дури не сфатив дека можеби е валидно, поради солидното објаснување.

И се запрашав, дали навистина можеш да умриш од скршено срце?

Според истражувачи на Медицинскиот центар, Beth Israel Deaconess, шансите за добивање на срцев удар се зголемени за 21 пат во првите 24 часа од раскинување или губење, односно смрт на саканата личност.

Низ претходните 5 години, истражувачите интервјуирале околу 2,000 пациенти кои преживеале срцев удар и заклучиле дека ризикот од срцев удар бил за 8 пати поголем, откако ќе настане смрт на сакана личност.

После првата недела од раскинувањето/смртта, ризикот се намалува, но сепак останува повисок од нормалниот во текот на целиот месец.

Претходни истражувања покажале дека здравјето на една личност опаѓа после смртта на сакана личност, без разлика дали се работи за љубовник, сопруг, член на семејството, милениче или пријател.

Истражувачите го поврзуваат зболемувањето на ризикот од срцев удар со депресија, анксиозност и гнев, кои се резултат на тагата и разочарувањето кои личноста ги доживува.

Овие чувства го зголемуваат крвниот притисок и чукањето на срцето, односно ја зголемува можноста за згрутчување на крвта и предизвикување на срцев удар.

Поврзани статии

Pin It on Pinterest

Share This