Различни научни истражувања докажуваат различни работи секој ден.
И без разлика на тоа што статистиките мерат резултати, треба да бидеме реални и да признаеме дека ништо не може да се докаже целосно, бидејќи учесниците се оние кои го дефинираат резулатот.
Тоа значи дека резултатот би бил различен доколку некој друг бил дел од истражувањето.
Културата, расата, полот, образованието, работата и многу други варијабли може да влијаат врз финалниот резултат на некое истражување. Сепак, интересно е да се анализираат ваквите истражувања.
Едно од нив кое ми се чинеше интересно и како да ќе ги заинтересира моите читатели, односно вас, е истражувањето кое наводно докажува дека високите мажи и ниските жени уживаат посреќни бракови.
Истражувањето било спроведено пред една година со помош на 8,000 учесници од Индонезија.
Крајните резултати покажале дека колку повисок е сопругот, толку жената е посреќна во бракот. Сепак, да не заборавиме дека висината не е единствениот фактор кој влијае врз среќата на една жена во бракот.
Заработката и самодовербата на сопругот играат важна улога во врската. Истражувањето исто така покажало и дека високите мажи имаат поголеми шанси и потенцијал за развивање на кариера. Наводно, високите мажи се поснаодливи и подоверливи.
Исто така, се докажало и дека високите мажи привлекуваат повеќе жени од ниските мажи.
Што значи, наводно високите мажи уживаат поголемо задоволство во животот од секаков аспект. Но, како што напоменав претходно, ништо не може да се докаже целосно, без разлика колку истражувања и да се направат, затоа што секој човек е различен и посебен.
Секој има различни квалитети и различна перспектива.
А кога станува збор за врски, лично јас верувам дека среќата во една врска не ја одредува висината на мажот, туку довербата помеѓу две единки, љубовта која ја негуваат или не, почитта која ја имаат еден кон друг, сличните интереси и животна перспектива.
Друго истражување направено во 2010 година покажало дека висината на една личност игра голема улога во раскинувањето на врската.
Наводно, ова истражување покажало и дека жените не покажуваат значителен интерес за високи мажи. Ова е контраверзија на предходното истражување кое го тврди токму спротивното.
После ова, најверојатно сфаќате дека истражувањата се интересни за читање и анализирање, но ретко кое истражување дава 100% сигурен резултат.
И запомнете, иднината на една врска не зависи од вашата висина ами од вашите чувства и вашето однесување, како и од чувствата и однесувањето на вашиот партнер.