ВТОР ДЕЛ: Најемотивните љубовни филмови на кои сме плачеле

Со оглед на тоа дека ви се допадна претходната компилација од емотивни љубовни филмови, одлучив да направам втор дел.

Но, овој пат, листата е подолга и содржи 10 филмови за кои сигурна сум дека сите ги имате гледано или барем имате слушнато за истите.

А доколку немате, пополнете го денот со гледање на некој од филмовите. Кој и да го изберете, нема да погрешите, затоа што сите се одлични.

1. Remember me

Али и Тајлер се главните ликови во оваа љубовна приказна. Али беше сведок на убиството на мајка си и мора да живее со таа слика до крајот на животот, а Тајлер е дете на разведени родители, кои се разделија откако другото дете, братот на Тајлер се самоуби. Еден ден, Тајлер ќе учествува во улична тепачка и ќе биде приведен од страна на таткото на Али. Тајлер ќе дознае дека тој има ќерка и ќе се обиде да ја заведи за да му врати. Но, наместо да ја изигра, ќе се заљуби во неа.

2. A Cinderella story

Ова е еден од моите омилени филмови на листата кој го имам изгледано повеќе пати. И секој пат, откривам нешто ново. Сторијата се врти околу Сем, девојка која ги губи родителите и останува да живее во куќата на татко си, заедно со нејзината маќеа и нејзините две ќерки.

Знам што си помислувате, Пепелашка, нели? Сем ќе се заљуби во најзгодниот дечко на училиште, но тој ќе биде во врска со најзгодната девојка. Клише, знам. Но, како што се одвиваат настаните, филмот станува се подобар. Ќе ви покаже дека вистинската љубов победува на крајот. Исто така, ќе ви докаже дека позади добриот човек, секогаш прашина се крева.

3. Silver Lining Playbook

Искрено, не го сфатив филмот како што треба, но знам дека на многу луѓе им се допаѓа. Приказната се врти околу Пат, поранешен професор кој после престој во ментална институција се враќа да живее кај своите родители, додека во меѓувреме се обидува да ги смири страстите со неговата бивша жена, односно да ја врати. Но, неговиот живот ќе се промени кога во него ќе влези Тифани, проблематична девојка со свои проблеми. Останатото гледајте го сами.

4. When Harry Met Sally

Стар, но добар филм кој ме воодушеви. Хари и Сали се стари добри пријатели кои се заљубуваат еден во друг. Но, се плашат да и дадат шанса на љубов која е повеќе од платонска, затоа што не сакаат сексот да им го уништи пријателството, доколку врската не успее. Дефинитивно, вреди да се гледа. Комичен, љубовен, емотивен.

5. Becoming Jane

Филмот го предложивте во коментар на претходната листа со филмови. Во него се раскажува за Џејн, 20 годишна девојка која е писател и започнува да го гледа светот од поинаква, помодерна перспектива. Дејствието се случува назад во 1795 година и ги крши стереотипите околу бракот и жените. Таа никогаш не може да замисли да се омажи за пари и посед, како што тоа го прават девојките во нејзино време. И покрај обидите на нејзините родители, таа одбива да се омажи, Но, се се менува кога ќе го запознае атрактивниот Том и ќе сфати дека љубовта сепак постои.

6. P.S. I love you

Дефинитвно филм на кој нема да плачите ами ќе рикате на глас. Јас го гледав со мајка ми и можам да ви кажам дека двете се воздржувавме да не заплачеме. Но, филмот не дозволува воздржување. Холи и Гери се запознаваат на најчудниот начин и се заљубуваат еден во друг. Нивната љубов е онаа за која не верувааме повеќе дека постои. Но, филмот ќе ви ја врати довербата во љубовта и ќе ви докаже дека вистинска љубов, сепак постои. Откако ќе се венчаат, Гери ќе умре. Холи не може да си го замисли животот без него. Но, се ќе се смени денот кога ќе добие писмо од Гери. Овој е моментот кога ќе започнете да липате и да се воздржувате од плачење. Дури и пишувањето на овој опис ми ги насолзи очите.

7. Three Steps Above Heaven

Искрено, го немам гледано филмот и многу луѓе ми кажуваат дека не знам што пропуштам. Не сакав да му дадам шанса затоа што е шпански. А сите знаеме колку бевме навлечени на шпанските серии во минатото. Можеби ќе пишувам и за нив во некоја наредна прилика. Го гледав трејлерот и ме привлече, па можеби ќе го гледам и филмот вечер. Се работи за љубов помеѓу два различни света. Хаче е бунтовник, а Баби е наивна, добра девојка која не може да се замисли во врска со некој како Хачи, а ниту пак тој со неа. Но, се ќе се промени кога ќе се заљубат еден во друг.

8. 10 Things I hate about you

Филмот е повеќе смешен отколку емотивен, но дефинитивно заслужува да се најде на листата на најдобри љубовни филмови. 10 работи кои ги мразам кај тебе е легендарен филм во кој главен актер е Хит Леџер, еден од моите омилени, а воедно и најубави мажи кои постоеле на светот, според мое мислење. Доколку не знаете, Хит Леџер е починат веќе 10 години.

Повеќе околу неговата смрт и смртта на други познати личности кои починале под чудни околности, ќе пишувам во некоја наредна прилика. Во овој филм, Хит го глуми Патрик кој треба да излезе со Катарина, девојката која никој не ја сака и секој ја избегнува под притисок од неговиот другар. Но, тој ќе открие друга страна на Катарина за која никој не знае. И секако, ќе се заљуби во неа.

9. Dirty Dancing

Патрик Свејзи е исто така еден од моите омилени глумци и можам да кажам дека филмот е еден од моите омилени, исто така. Очите ми се насолзуваат кога пишувам за него, затоа што почина од рак на панкреасот во 2009. Сепак, ни остави легендарен филм по кој сите ќе го паметиме. А тоа е токму овој. Немам друг коментар околу овој филм, освен тоа дека е задолжително да се гледа. Приказната се врти околу Бејби која ќе се заљуби во Џони. Многу заплети, солзи, љубов, секс. Тие што го имаат гледано, сигурно ќе се сетат на следната реченица: “Nobody puts baby in the corner”. И самата помисла на овој филм ме тера да заплачам.

10. Pretty Woman

Зарем треба коментар?

Поврзани статии

Pin It on Pinterest

Share This