Многу од вас го започнуваат денот со аларм и кафе. Исто го започнувам и јас.
Но, што ќе се случи доколку ја промениме рутината, и наместо со свежо варено кафе, денот го започнеме со утрински секс кој ќе не подготви за претстојните предизвици?
Наводно, утринскиот секс е единствената вежба која ни е потребна за да останеме во топ форма, според некои истражувања.
Но, да бидам искрена, не верувам во вакви истражувања, затоа што различни работи кои луѓето ги истражуваат, би дале различен резултат кога би биле тестирани на други луѓе.
Сепак, истражувањата се интересни за читање и одлична тема за размислување.
Нема сомнение дека утринскиот секс е активност која јас лично би ја практикувала на дневна база. А би требало да ја практикувате и вие, доколку имате можност.
Според мене, кога сите луѓето би го започнувале денот со секс или мастурбација, би биле посреќни и порасположени наутро.
А сме слушнале дека по утрото денот се познава. И со ова не се согласувам. Не зависи од утрото каков ќе ти биде денот, туку од твоето размислување. Ти одлучуваш каков ќе ти биде денот. Станувањето на лева нога е само еден глупав мит. Но, ајде да се навратиме на темата.
Утрински секс.
Доколку сакате да го зачините сексуалниот живот и да ја промените здодевната секс рутина, утринскиот секс е супер начин на кој може да го направите тоа.
Според моите истражувања, луѓето кои имаат 3 пати секс наутро, имаат поздраво срце.
Но, освен поздраво срце, постојат уште многу други бенефити по психо-физичкото здравјето кои се придобиваат од сексот, доколку го практикувате наутро.
Како на пример, следните 7 за кои најверојатно не сте слушнале досега.
А да бидам искрена, немав слушнато ниту јас. Но, откако дознав за нив, си ветив дека ќе го практикувам утринскиот секс многу почесто.
1. Го намалува стресот
Според истражувањата, сексот со партнерот наутро активира добро расположение кое ќе трае во текот на целиот ден, а исто така и цела недела. Што значи, утринскиот секс е природен начин за намалување на стресот и депресијата.
И доколку еден утрински секс го подобрува расположението за цела недела, замислете колку нивото на стрес во вашиот систем би се намалило доколку практикувате секс, секое утро.
2. Ве одржува во топ форма
Доколку сакате да ослабнете, наместо диета или одење во теретана, практикувајте утрински секс. Докажано е дека сексот е еден вид на вежба. И според истражувањата, единствена вежба која ви треба и ќе го одржува вашето тело во топ форма.
Сте знаеле ли дека со 15 минути секс согорувате 74 калории? Доколку сакате да согорите повеќе калории, веќе знаете што треба да направите. Имајте повеќе секс. Испробувајте нови и интензивни пози кои ќе ви овозможат да се истегнувате и испотите малку повеќе.
3. Ве прави да сјаете во текот на денот
Наводно, утринскиот секс ве прави да сјаете во текот на денот. И тоа се забележува. Секогаш можете да забележите личност која штотуку имала секс по сјајот во очите, шашавата насмевка и доброто расположение.
Ова се случува бидејќи за време на секс, крвниот притисок се зголемува, а циркулацијата се подобрува, што допродонесува во подобрување на изгледот на кожата, зголемување на усните и сјаење на очите.
4. Ја зголемува интимноста со партнерот
Утринскиот секс е совршен начин на кој може да ја зајакнете врската со партнерот. Се будите во прегратките на партнерот, двајцата со полуотворени очи. Започнувате да се бакнувате и допирате. Овие чекори водат кон секс. И тоа, не секс на кој сте навикнати.
Наводно, утринскиот секс е поексплозивен и поинтересен, затоа што е спонтан. И сето ова допридонесува до зајакнување на врската со партнерот. Понекогаш зачонување на сексуалниот живот е она што е потребно за да се подобрат односите со партнерот.
5. Прави да се чувствувате и изгледате помлади
Доколку практикувате утрински секс, секое утро, без исклучок, ќе изгледате 7 години помладо, според истражувањата. Додека имаме секс, се ослободува ендорфин, а тоа е хормонот на среќа. Што значи, не само што ќе изгледате помладо, туку ќе чувствувате и посреќно. Со лачење на хормони за време на секс, кожата станува поеластична. И тоа ви помага да изгледате помладо, а и да се чувствувате поудобно во своја кожа.
6. Го поттикнува позитивното расположение
Докажано е дека активности како јадење на омилената храна и секс, пружат повеќе од обично задоволство. Според истражувања направени во 2010, докажано е дека овие две активности го намалуваат стресот и поттикнуваат позитивното расположение. Додека имаме секс, лачењето на ендорфин и окситоцин се зголемува. И тоа допридонесува во подобрување на расположението и не прави да се чувстуваме поблиски до партнерот.
7. Голтањето сперма ги спречува или намалува утринските мачнини кај трудниците
Доколку сте бремена, утринскиот секс, поточно утринскиот орален секс со голтање на спермата, има моќ да ги спречи или намали утринските мачнини. Според истражување направено од страна на професор на универзитетот “SUNY Albany” во Њујорк, вкусот на спермата може да ја намали желбата за повраќање наутро кај повеќето трудници.
Уште неколку интересни причини зошто треба да практикувате утрински секс:
- Утринскиот секс може да ја излечи мигрената.
- Утринскиот секс ги намалува болките во зглобовите.
- Утринскиот секс ја намалува анксиозноста и тагата.
- Го зајакнува имуниот систем со лачење на имуноглобин А, антитело кое игра важна улога во имунолошката функција на мукозните мембрани.
- Вашиот партнер може да издржи подолго време, затоа што е одморен и нивото на тестостерон е високо. А кога тоа се случува, кај него се јавува желба за секс.
- Затоа што сите луѓе ширум светот уживаат во утринскиот секс.
Интересен факт за мажите: После долг квалитетен сон, нивото на
тестостерон кај мажите е на највисоко ниво. И токму поради тоа, се јавува желба за утрински секс. И како што кажав претходно, ова ви овозможува да уживате подолг секс со партнерот.