5 Причини зошто НИКОГАШ нема да донесам дете на овој свет

Постојано слушам дека децата даваат смисла на животот.

Постојано слушам дека децата се најголемото богатство. Постојано слушам дека децата се причината за нашето постоење, односно постоиме за да се размножуваме. И се прашувам, зарем?

Дали тоа значи дека луѓето кои не можат да имаат деца, живеат бесмислен живот? Или пак луѓето кои не сакаат деца, се осудени на пропаст? Секако дека НЕ.

ЈАС НЕ САКАМ СОПСТВЕНИ ДЕЦА. И знам дека многу млади се чувствуваат исто како мене.

Знам и дека многу постари не сакале деца, но водени од правилата на општеството и споредувајќи се со другите луѓе, зачнале деца.

Некои дури и ги задржале децата кои не ги сакале, односно ги добиле несакајќи и си го уништиле животот, само поради срам од абортус или притисок од семејството.

Не можам да го разберам тоа. Доколку некогаш забременам, а не сакам да родам, ќе абортирам без размислување. И воопшто не ми е гајле што ќе кажат другите за мене.

Нема ништо лошо во тоа да одлучуваш за своето тело и својот живот, наместо да оставиш срамот од абортус или стравот од озборување да ти го уништи животот и да те направи роб на измислени правила.

Некој ќе каже, доколку мајка ми размислувала како мене, јас немало да постојам денес. И знаете што ќе одговорам на тоа? ПОСАКУВАМ ДА БИЛО ТАКА.

Посакувам мојата мајка да абортирала, наместо да си ја уништи младоста на 18 години и да се омажи, се уште несигурна каков живот сака за себе. Посакувам мајка ми да размислувала како мене.

Посакувам и други жени кои ја направиле истата грешка, да размислувале како мене. Посакувам девојки/жени кои моментално се двоумат дали сакаат да родат или не, да размислуваат како мене.

Доколку се чувствувате несигурно околу целиот процес на раѓање на дете, доколку чувствувате дека детето ќе ви го уништи животот, абортирајте. А доколку не сте бремени, но се чувствувате лошо затоа што не сакате деца, знајте дека не сте сами.

Многу луѓе не сакаат деца. И тоа е во ред.

Не секој е роден со родителски инстинкти. Како на пример, јас. Често се прашувам, зошто сум започнала да размислувам и што ме навело вака да се чувствувам, но никогаш не се обвинувам за своите чувства, затоа што имам право да се чувствувам како што сакам.

И дојдов до заклучок, дека не сакам деца од неколку причини.

Според мене, треба да си себичен за да донесеш дете на овој свет. Зошто? Како прво, зошто би сакал да донесеш дете на ваков, НИКАКОВ свет?

Некој ќе каже, во минатото било подобро за живеење. Јас ќе кажам, никогаш не било подобро. Единствената разлика помеѓу тогаш и сега е интернетот.

Луѓето во минатото немале пристап до информации, како што имаме ние денес. И поради тоа, верувале дека доброто секогаш победува над злото.

Ќе те прашам тебе, ти кој го читаш ова, зарем веруваш дека доброто победува или победувало над злото? Доколку одговориш да, време е да направиш истражување за минатото и да дознаеш колку милиони луѓе, меѓу кои и деца, загинале во војни, масакри, убиства и така натаму.

Време е да направиш истражување и за денешницата и да дознаеш колку луѓе умираат од насилна смрт секој ден. Време е да се запознаеш со системот на секоја влада, односно, да сфатиш како функционира светот. Заробен си во тој систем. А не си ни свесен дека си заробен. Мислиш дека така треба да биде.

Време е да се соочиш со капиталзмот, дискриминацијата, нееднаквости, убивањето на секојдневна база, силувањата, “едукацијата”, педофилијата, зоофилијата, глобалното затоплување, апокалипсата која е неизбежна и да се запрашаш, зошто по ѓаволите би сакал да донесеш дете на ваков, НИКАКОВ свет?

Ако ова што го кажав, не е доволно за да размислиш два пати, пред да донесеш дете на овој свет, еве уште неколку причини кои сигурно ќе те натераат да си го ставиш прстот на чело и да се запрашаш, колку многу сум себичен, штом сакам да донесам дете на овој свет, само за да остане нешто од мене, после мојата смрт?

1. Светската популација изнесува 7.2 билиони, а над 153 милиони од неа се сирачиња

На секои 12 години, светската популација се зголемува за 1 билион, односно е надвор од контрола. Но, луѓето мислат дека пренаселеноста е шега. Мислат дека планетата е доволно голема за сите нас. И во право се, има доволно место за сите. Но, дали ќе има и во иднина? Предвидено е дека светската популација ќе достигне 9.6 билиони до 2050 година. Не кажувам дека ова е најважната причина поради која треба да размислите дали ќе имате дете или не. Но, има нешто поважно во позадина. Според статистиките на УНИЦЕФ, над 153 милиони деца ширум светот, се сирачиња. Да, над 153 милиони деца се оставени во домовите. Над 153 милиони деца на кои не им била даден избор дали сакаат да се родат или не. Над 153 милиони деца кои живеат мизерен живот поради неодговорни луѓе. Над 153 милиони деца кои цел живот ќе се прашуваат, кои се нивните родители и ќе бидат злоставувани во домовите од педофили или повозрасни деца, затоа што сите знаеме како живеат децата во сиропиталиштата. Испроцесирајте ги овие информации и запрашајте се, зошто би донеле дете на ваков, НИКАКОВ свет, покрај толку многу деца на кои очајно им е потребна љубов и родителска грижа?

2. Светот не е убаво место за живеење, а доколку грешам, поправете ме

Слободно поправете ме, и кажете ми дека светот е убаво место за живеење и одгледување на деца. Слободно кажете ми дека би сакале да одгледувате дете во свет на идиоти кои ќе го малтретираат цел живот, заробено во систем од кој нема излегување.

Постојат идиоти кои одгледуваат мали идиоти кои во иднина ќе го омаловажуваат твоето дете. Твоето дете ќе се соочува со полова нееднаквост доколку е женско, ќе се соочува со дискриминација доколку има различна боја на кожа, ќе се соочува со омаловажување на училиште, а вие ќе кините нерви, прашувајќи се како да го заштитите.

Ќе се грижите дали некој ќе го киднапира, убие или силува додека оди на учлилиште. Ќе го носам јас, ќе си помислите, но до кога? Не може да го пратите секој негов чекор. Многу луѓе одлучуваат да немаат деца, бидејќи не сакаат нивните најмили да се соочуваат со проблемите на светот.

Ќе кажете, за тоа е животот, за да се соочуваат со проблеми. Таков е животот, тежок. А јас ќе ви кажам дека грешите. Животот не е за да се преживува, за да се соочуваш со проблеми и срања кои не си ги посакувал, а друг ги предизвикал за тебе.

ЖИВОТОТ НЕ Е ТЕЖОК, туку луѓето се тешки. Зошто да биде едноставно, кога може да биде комплицирано, нели? Животот е за да се живее. Но, далеку сме ние од вистински живот со нашата технологија, злоба и изопаченост.

3. Се уште постои дискриминација и нееднаквост

Веќе споменав дека се уште постои дискриминацијата затоа што луѓето патат од комплекси и се предводени од желбата за доминација во светот. Расите се НЕПОСТОЕЧКИ. Ние сме ги измислиле. Тоа значи дека ние сме креирале проблеми таму каде што ги немало.

Ние се мразиме и убиваме за банални работи. Тоа значи дека ние луѓето сме идиоти. Човечката раса е идиотска раса. И знам дека омразата која ја чувствувам кон човечката раса може да се препознае во моето пишување. И токму поради тоа не сакам да донесам дете на овој свет.

Зошто би помогнала во зголемување на популацијата која ја мразам и за која мислам дека е идиотска, самоуништивачка и бесполезна? Луѓето уништуваат се што ќе допрат, со исклучоци, кои се во мал број.

Доколку донесеш дете на овој свет, ќе биде дескриминирано и нееднакво, посебно доколку е различно, односно има различна сексуална ориентација од онаа која идиотите ја сметаат за “нормална” и “природна”. И ќе прашам, кој одлучува што е нормално и природно?

Доколку одговорите, вашиот непостоечки Бог, напуштете ја страницата.

И пред да го направите тоа, запрашајте се, зарем вашиот непостоечки Бог не ги креирал хомосексуалците и бисексуалците? Или тие се само фабричка грешка?

И што ако на овој свет, ти си донел или ќе донесеш “фабричка грешка”? Дали цел живот ќе се грижиш за своето дете и ќе се прашуваш кој ќе биде денот кога ќе биде убиено по улица од некој хомофоб?

4. Светот го водат педофили, во буквална смисла на зборот

Сите сме запознаени со фактот дека светот е воден од педофили.

Во Америка, голем процент од славните личности се прикриени педофили, заштитени од луѓе кои ја поддржуваат педофилијата. Еден од тие педофили е Кевин Спејси.

Дали Кевин Спејси издржува затворска казна за своите злодела? Секако дека не.

Дали постојат многу луѓе како него, на кои обичниот човек ништо не им може? Секако дека да. Доволно е да направите истражување на своја рака и се ќе ви стане јасно како ден.

Да не ја споменувам легална педофилија во исламските држави, затоа што ми се гади од помислата колку девојчиња на мала возраст се омажени за дедовци.

И никој не превзема ништо околу тоа. Никој не зборува за тоа. На никој не му е гајле за тоа. И пак ќе прашам, зошто би сакал да донесеш дете на ваков, НИКАКОВ свет воден од педофили?

5. Не сакам светот да му ја промени насмевката на моето дете, кога ќе сфати дека не може со насмевка да го промени светот

Не мразам деца. Напротив, ги сакам децата. Но, истовремено и ги сожалувам оние кои веќе ја населуваат земјата. И не сакам да го сожалувам сопственото дете во иднина.

Не сакам светот да му ја промени насмевката на моето дете, како што ми ја промени мене. Не сакам еден ден да се разбуди и да сфати дека насмевка не е доволна за да го промени светот.

Едноставно, не сакам несреќно и депресивно дете заробено во систем од кој нема излез, опкружено со идиоти без човечност и душа.

Поврзани статии

Pin It on Pinterest

Share This