Да ви се плукнам во религијата, браковите, политиката и ограничените умови

Да ви се плукнам во законот, кој го измисливте за да ги манипулирате и држите под ред овците.

Да ви се плукнам во религијата, која ја измисливте за да го држите слепо стадото, верувајќи во пастир кој не постои.

Да ви се плукнам во браковите, кои ги измисливте за да се врзувате меѓусебно со закон, затоа што со љубов не можете.

Да ви се плукнам во врските, кои ги измисливте за да има причина поради која ќе се малтретирате, изневерувате, манипулирате и убивате меѓусебно.

Да ви се плукнам во системот за образование, кој го измисливте за да ги отупувате луѓето и да им ги крадете парите, бркајќи обично ливче хартија кое не можат да го искористат никаде освен во тоалетот, после завршување на голема нужда.

Да ви се плукнам во парите, обични хартивчиња, кои ги измисливте за да ги класифицирате, деградирате, уништувате луѓето, психички и физички.

Да ви се плукнам во лажните обврски, престижни кариери и високи функции, кои ги измисливте за да може да го поднесувате животот полесно, облечени во измислени брендови, додека некои немаат сол в очи да си фрлат.

Да ви се плукнам во општествените и морални правила.

Да ви се плукнам во историјата која не е ништо повеќе од идиоти кои дебатираат за работи кои се случиле пред 100 века, а не можат да ја сменат, ниту докажат.

Да ви се плукнам во граматиката, јазиците, границите, државите, градовите, селата, реките, планините. Сте ги создале и именувале, бидејќи не сте способни да прифатите живот поминат во незнаење.

Да ви се плукнам во хороскопот, теориите за настанокот на светот кои ќе останат само теории, соновниците, нумеролошките броеви и сите слични срања, кои ги измисливте за да ви поминува поинтересно денот, убедувајќи се дека некој друг го насочува кормилото на вашиот брод и ве води кон мирни води или бури.

Да ви се плукнам во моќта непостоечка.

Да ви се плукнам во времето кое го измисливте само за да не се изгубите во него.

Да ви се плукнам во празниците кои ги измисливте само за да има причиња за локање алкохол, прејадување и лудување.

Да ви се плукнам во ланецот на исхрана во кој се ставате на врвот од пирамидата, верувајќи дека вредите повеќе од сите други живи суштества на планетата.

Да ви се плукнам во политиката, географските поделби кои не постојат, имињата на државите измислени поради кои се колите и политичарите на кои им верувате, а кои постојат само за да живеат на ваш грб.

Да ви се плукнам на спортовите измислени во кои сте измислени шампиони.

Да ви се плукнам во ограничените мозоци, односно шуплината во главата на чие место требало да има мозок.

Да ви се плукнам во животот, односно преживувањето.

Да ви се плукнам.

Поврзани статии

Pin It on Pinterest

Share This