Секој еден од нас, одвреме навреме, налетува на ТАА личност која ни се допаѓа, но се гледа од авион, дека не е за нас. Сепак, си дозволуваме да се заплеткаме во нејзината мрежа.
И без разлика на тоа што сме свесни за нашата положба, односно, дека сме само уште еден плен кој намерно или ненамерно западнал во нивната стапица, одлучуваме да стапиме во ‘врска’, ако може да се нарече така.
Како што изминува времето, сфаќаме дека таа климава врска никогаш нема да премине во нешто посериозно, бидејќи нема цврсти темели. Но, продолжуваме да ги копаме тие темели, надевајќи се дека ќе поставиме нови на куќа која е пред уривање.
И копаме, се додека не се измориме, и не кажеме, СТОП, имам и јас гордост.
Најчесто, кажуваме ‘стоп’ кога веќе е предоцна, но тоа не е главната тема на текстов. Главна тема се изговорите кои не натерале да прекинеме да се залажуваме и да дозволуваме да не користат.
Ова се тие 3 најчести клише изговори кои лично ЈАС сум ги слушнала повеќе пати од мажи кои сакале да бидат со мене, но немале доволно храброст. Или барем јас сум се тешела дека тоа е така, кога во суштина, гледале на мене како на личност со која би ја поминале вечерта, но не и утрото.
Таквите ги нарекувам ‘машки курви’.
Но, сакам да објаснам нешто околу терминот ‘курва’, бидејќи не сакам да бидам погрешно сфатена. Немам ништо против проституцијата. Напротив, посакувам да ја легализираат и да работат на подобрување на работните услови за луѓето кои одлучиле да го работат тоа.
Проституцијата е еден вид на професија, но курва, курвата означува карактер. И се согласувам со ова. И токму за тие машки курви, решив да го напишам овој краток текст. Ова се 3 клише реченици кои ќе ги слушнете од нив.
1. Ја сакам неа, но спијам со тебе, бидејќи ми треба ‘освежување’ во врската
Не, не ја сакаш, туку си нашол помалку интелигентна личност која ти дозволува да ја манипулираш, па се надеваш дека ќе остане така засекогаш, кога во суштина, те привлекуваат жени кои се независни и не дозволуваат да бидат вртени на малиот прст.
Сепак, не знаеш да се справиш со таква, па заради тоа, остануваш со онаа која е послаба, подложна на сугестии и зависна од твојата ‘љубов’.
Едноставо, просечен материјал за брак.
Не, ти не спиеш со друга, затоа што ти треба ‘освежување’ во врската, туку генерално, затоа што животот твој одамна престанал да мириса на свежо косена трева.
Но, така не се освежува животот. На ваков начин, ќе се тешиш дека ја ‘освежуваш’ врската, кога во суштина, скокаш на се што мрда од едноставна причина.
Несреќен си со онаа со која што си. Несреќен си со животот кој што го живееш, колку и да се обидуваш во спротивното. Немаш доволно храброст да си признаеш, па го прифаќаш она здодевно, добро познато секојдневие, надевајќи се на повремена забава во текот на ноќта, колку да заборавиш на монотонијата и здодевноста.
И да не заборавам да додадам. Потајно, знаеш дека нема да најдеш подобра од неа, затоа што и самиот не веруваш дека заслужуваш подобро. А кога ќе го најдеш, бараш секаков изговор со кој би ја оправдал ниската самодоверба и стравот од напуштање, и ја напушташ.
2. Не можам да бидам со тебе, не е толку едноставно и лесно
Напротив, лесно е како 2 + 2, но само кога сакаш. Во спротивно, самиот ја комплицираш ситуацијата и наоѓаш изговори.
Твоите пријатели веќе се навикнале на неа. Твоето семејство веќе се навикнало на неа. Ти, веќе си се навикнал на неа. Но, навиката не е онаа која не одржува во живот, туку искрата.
А помеѓу вас двајца, одамна згаснала. Сепак, наместо да го разгоруваш огнот со друг, се обидуваш да ја разгориш повторно искрата во твоите очи кога ја гледаш неа.
Очајно се обидуваш. Но, не успеваш. Едноставно, е невозможно. И го знаеш тоа. Но, зошто да биде лесно и едноставно, кога може да биде комплицирано и клише, нели?
Затоа девојки, запомнете дека ТОЈ може да биде со вас, но не му значите доволно. И никоја нема да му значи доволно, затоа што чувствата тој, одамна ги изгубил. И со минималното од животот, одамна се задоволил. Колку толку, здравје. Каква таква, арна е.
3. Ова ми е прв пат…
Ова е една од најглупавите клише реченици кои може да ги слушнете од машка курва.
Нив, секогаш им е прв пат.
Прв пат изневеруваат. Прв пат така се чувствуваат. Прв пат резервираат соба во хотел. Прв пат смислуваат изговори со кои ќе ја залажат онаа која им верува со глупава насмевка на лицето. Прв пат имаат секс со некоја друга откако се во врска со неа. Прв пат среќаваат личност како вас, необична, лесна, интересна. Прв пат, а сигурно ќе им биде и последен.
Сигурно. Колку што им е и прв пат.
Се надевам дека ви се допадна текстов. И доколку сте во ‘врска’ со машка курва, мој искрен совет е следниот. Крајно време е да и платите за ‘времето и вниманието’ со заборав.