Зошто да ги чекате вашите 5 минути, кога имате бесконечно минути на располагање?

Живеете во рутина, постојано надевајќи се дека самата ќе престане да се врти околу вашиот живот како земјата околу нејзината замислена оска, бидејќи реално вашата рутина е замислена и нереална. Се прашувате зошто? Бидејќи истата се наоѓа во вашите мисли, резултира со досада и незадоволство кое самите си го приредувате, дозволувајќи таа да завладее во вашиот свет во кој би требало да бидете само вие свој господар. Зошто продолжувате да го правите истото секој ден? Зарем сте неспособни, немате доволно храброст или не сакате? Можеби задоволни сте од вашето незадоволство кое ве умира во животот?

Но, ќе помине си викате, ќе падне од небо, таа шанса мојата шанса која долго ја чекам, а јас со отворени дланки ќе ја зграпчам толку силно што ќе ја смачкам како снегулка во Јануари, а потоа ќе чекам повторно до наредната година нова снегулка, си викате. Моите 5 минути ќе дојдат, ќе им покажам на сите. Ова е вашата постојана мисла која ве теши во губењето на секој изгубен ден. Но, зошто да размислувате на тој начин кога постои друг, подобар? Зошто ги чекате вашите 5 минути цел живот, кога постојат бесконечно минути кои ви се на располагање секој ден? Зошто овие 5 минути откако ќе го дочитате текстот, не бидат тие ваши 5 минути кои сте ги очекувале отсекогаш? Дајте се од себеси и обидете се да го запрете часовникот во ваша полза секогаш кога ќе посакате, наместо да чекате самиот да застане за вас. Не чекајте ги вашите 5 минути, бидејќи ако ги чекате бесцелно, можеби и никогаш нема да ги добиете. Направете ги сите наредни 5 минути во вашиот живот вредни за паметење и полни со елан кој ќе ве води низ вашиот пат кон задоволството, кое сигурно нема да трае само 5 минути, туку ќе трае бесконечно.

Поврзани статии

Pin It on Pinterest

Share This