И самата обожувам чокери, но никогаш претходно не сум се запрашала од каде потекнуваат, која била нивната првична намена, што одбележуваат и кој ги користел во минатото.
Информациите кои ги дознав неодамна, секако дека нема да ми го променат мислењето за чокерите, а тоа е дека изгледаат секси и го дополнуваат изгледот како ниедно друго парче накит.
Секако, сите имаме различен вкус за накит и облека, и разбирам дека некои не го преферираат чокерот како дел од нивниот стајлинг.
Но, како што кажав, јас го обожувам и воопшто не ми пречи тоа што во втората половина од 19 век, чокерите биле користени од страна на проститутките кои биле претпознатливи по истите.
И не само тие, туку и лезбејките кои ја прикривале својата сексуална ориентација, а сакале да привлечат девојки, носеле чокер со цел да дадат на дознаење дека се заинтересирани за девојки.
Денес, чокерите доаѓаат во различни бои и дизајни, но назад во 19 век, проститутките и лезбејките користеле исклучиво црн, едноставен чокер, кој воедно е и мојот омилен.
Доколку сакате да прочитате повеќе информации околу ова, посетете ја страницата на Википедија посветена на чокерот и неговото потекло.
Чокерот не бил измислен во 19 век, туку датира уште од древен Египет, каде жените носеле чокери направени од злато.
Некои дури и ги поврзувале со давање на натприродни моќи. Во тоа време, чокерите биле симбол на висока мода, односно немале никаква поврзаност со проститутки и лезбејки.
Денес, чокерот е многу популарен, но сигурна сум дека повеќето не знаеле од каде потекнува и со што е поврзан, затоа што луѓето ретко истражуваат на своја рака.
А доколку и вие сте љубители на ова парче накит, ако може така да се нарече, не оптеретувајте се со значењето и продолжете да го одбележувате изгледот со чокери кои ве прават да се чувствувате секси.